Електрично осветление
Предмет: Електрично осветление
Код: ФЕИТ093002
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Институт: Преносни електроенергетски системи
Предуслов за запишување на предметот: Положени: физика 1 и основи на електротехника 1
Цели на предметната програма (компетенции) : Запознавање со основите на светлотехниката, светлинските извори, системите на осветление и проектирање на внатрешно и надворешно осветление. Проектирање на едноставни системи за електрично осветление (избор на соодветни светлински извори и светилки и фотометриски пресметки).
Методи на учење: Предавања (презентации и симулации), аудиториски (решавање на теориски проблеми) и лабораториски вежби (студентите изработуваат два проекта за надворешно и внатрешно осветление) и домашни задачи.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Светлина, гледање и боја. Основни светлотехнички големини и поими. Светлотехнички својства на материјалите. Електрични сијалици. Светилки. Системи на електрично осветление. Внатрешно осветление. Осветление на улици и патишта. Осветление на спортски објекти. Светлотехнички мерења.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Д. Рајичиќ |
Електрично осветление |
ЕТФ |
1994 |
2 |
Р. Талески, Д. Рајичиќ |
Вовед во светлотехника |
ФЕИТ, во печат |
2006 |