Електрични мерења на неелектрични величини
Предмет: Електрични мерења на неелектрични величини
Код: ФЕИТ03Л006
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Институт: Електрични мерења и електротехнички материјали
Предуслов за запишување на преметот: Основи на електротехника 1 и 2
Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со мерните системи и елементите на мерните системи. Основни сензорски технологии. Проучување на методите за мерење на различни неелектрични величини по електричен пат. Запознавање со процесни и мониторинг системи. Примена на современа виртуелна инструментација и комјутерска техника за мерења на неелектрични величини.
Методи на учење: Предавања со слајдови и презентации ex-catedra, аудиториски вежби, лабораториски вежби, изработка на семинарски работи.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Вовед во електричните мерења на неелектрични величини. Примена на мерни системи. Елементи на мерен систем. Избор на соодветен мерен уред или систем. Основни сензорски технологии (отпорнички, капацитивни, магнетни сензори, сензори на принцип на Холов ефект, пиезоелектрични преобразувачи, мерни ленти, пиезоотпорни сензори, оптички сензори, ултразвучни сензори, нуклеарни сензори. Микросензори и специјални технологии во сензорска техника. Паметни сензори. Мерен шум. Обработка на мерни сигнали. А/Д конверзија. Пренос на мерни сигнали на далечина. Мерење на механички големини (димензии, поместување, брзина при и ротација, забрзување, маса, сила, момент на сила, напрегање, притисок). Мерење на звук, бучавост и вибрации. Мерење на брзина, проток и ниво на флуиди. Мерење на влажност. Мерење на температура. Мерење на радијација. Системи за процесни мерења и мониторинг системи. Современа виртуелна инструментација и комјутерска техника за мерења на неелектрични величини.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Alan Morris |
Measurement and Instrumentation Principles
|
Butterworth-Heinemann |
2001 |
2 |
Rosemary Taylor |
Data Acquisition for Sensor Systems |
Springer |
2010 |
3 |
Gerard Meijer |
Smart Sensor Systems |
John Wiley & Sons Ltd. |
2008 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Драган Станковиќ |
Физичко Техничка Мерења |
Универзитет- Београд |
1997 |