Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Електрични машини и трансформатори

Електрични машини и трансформатори

Предмет: Електрични машини и трансформатори

Код: ФЕИТ02Л003

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Електрични машини, трансформатори и апарати

Предуслов за запишување на преметот: Положен: Основи на електротехника 1

Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со функционирањето на електричните машини и трансформатори. Оспособеност за избор на мотори, генератори и трансформатори, според нивното место во електроенергетскиот систем, како и способност за анализа на нивните карактеристики.

Методи на учење: Интерактивни предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојни и групни проекти, домашни задачи.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Вовед во електромеханичко преобразување на енергијата. Материјали за изработка на електричните машини и трансформатори. Загуби на моќност и коефициент на полезно дејство. Загревање и ладење. Механичка заштита. Животен век. Примена на вртливите електрични машини и трансформатори. Основни електромагнетни појави во машините. Израз за индуциран напон. Електромагнетен вртлив момент. Магнетни напони и магнетно поле во машините. Реакција на индуктот. Машини за еднонасочна струја. Режим на мотор и генератор. Карактеристики на машините на еднонасочна струја со различен начин на возбудување Биланс на моќност и енергетски дијаграм. Машини за наизменична струја. Основни поими за асинхрони и синхрони машини. Режими на работа. Асинхрони и синхрони генератори и мотори. Конструктивни карактеристики. Фазорски дијаграми и синхрони реактанси. Услови за приклучување во паралелна работа. Трансформатори. Основни поими за трансформатори. Видови на трансформатори. Конструкција – магнетен и електричен систем. Дефиниција на преносен однос. Математички модел на трансформатор. Празен од, оптоварување и куса врска. Ефикасност. Трофазни трансформатори. Шеми и групи на соединување. Тронамотни трансформатори. Приклучување на трансформаторите на мрежа. Мониторинг и дијагностика.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

A. E. Fitzgerald, Charles Kingsley

Electric machinery

McGraw-Hill Science/Engineering/Math; 6 ed.

2002

2

B. S. Guru,  H. R. Hiziroglu

Electric Machinery and Transformers

Oxford University Press,

2000

3

H. Wayne Beaty and James Kirtley

Electric Motor Handbook

McGraw-Hill Professional

1998

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

James H. Harlow

Electric Power Transformer Engineering

CRC Press

2003

2

John J. Winders

Power Transformers: Principles and Applications

CRC Press

2002