Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Електрични кола и сигнали

Електрични кола и сигнали

Предмет: Електрични кола и сигнали

Код: ФЕИТ053004

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+2+0+0

Институт: Електроника

Предуслов за запишување на преметот: нема

Цели на предмететната програма (компетенции) : Цел на оваа теоретска дисциплина е на студентите да им пружи широка платформа поставена на математички темели на која тие ќе можат да го изградуваат своето знаење низ стручните предмети од областа на електротехниката. Со успешно завршување на предметот студентите ќе бидат оспособени:

- успешно да анализираат електрични кола во временски и фреквенциски домен

- да прават разлика помеѓу различни одзиви и различни режими

- да стекнат претстава за основните концепти поврзани со процесирање на сигналите како што се:

конволуција, фреквенциски спектар, фреквенциска карактеристика, филтрирање.

- да анализираат модели на LTI системи во временски и фреквенциски домен

- да користат и одбираат соодветни алатки за решавање на конкретни модели

Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, домашни задачи и аудиториски вежби, сето тоа реализирано во електронско опкружување .

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Елементи на електричните кола. Kирхофови закони. Одзив во временски домен: конволуција, компоненти на одзивот. Одредување на одзив со комплексни претставници. Сигнали. Системи со посебен осврт на LTI системи. Процесирање во оригинален домен (линеарна конволуција и диференцијална равенка, компоненти на одзивот). Процесирање на периодични сигнали (Фуриеов ред). Процесирање на апериодични сигнали (Фуриеова трансформација). Процесирање во фреквенциски домен (фреквенциски спектар, фреквенциска карактеристика, поим за филтрирање, дијаграми на Bode). Дискретизација на аналогни сигнали.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

М. Богданов

Теорија на електрични кола

Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје

2008

2

A. Oppenheim, A. Willsky, S. H. Nawab

Signals and Systems, 2 edition

Prentice-Hall

1997

3

J. Nilsson, S. Riedel

Electric Circuits, 8 edition

Prentice Hall

2007