Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Експлоатација на електроенергетски постројки

Експлоатација на електроенергетски постројки

Предмет: Експлоатација на електроенергетски постројки

Код: ФЕИТ04Л014

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+2+0+0

Институт: Електрични централи и разводни постројки

Предуслов за запишување на преметот: Основи на електроенергетика

Цели на предмететната програма (компетенции) : Изучување на методологии за пресметка на различни режими на работа на хидро и термо електрични централи, можности за планирање со енергетските ресурси за оптимално водење на ЕЕС. Можности за решавање на проблеми од оперативно работење на хидро и термо енергетски производни капацитети

Методи на учење: Предавања и вежби предвидени за предметот и дополнителна литература.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Претставување на конзумот преку хронолошки дијаграм на товарите и дијаграм на траење на оптоварување. Дефинирање на константен и варијабилен дел од конзумот. Моделирање на термоцентрали на фосилно гориво. Енергетски карактеристики и трошковни карактеристики за различни технологии и различни видови фосилни горива. Определување распоред на ремонти кај ТЕЦ.. Моделирање на хидроцентрали, (акумулациони и проточни). Режим на работа на ХЕЦ од аспект на хидролошките услови и од можностите на полнење и празнење на акумулацијата. Решавање на хидраулични системи и моделирање на каскадно врзани ХЕЦ. Генераторски и пумпен режим на реверзибилни хидроцентрали. Билансирање на вкупен и варијабилен конзум и билансирање на моќност и енергија во ЕЕС. Кај хидроцентралите, билансирање на води за одреден период, биланс помеѓу дотечена и потрошена вода, органичување на режимот на полнење и празнење на акумулациите од аспект на инсталиран проток и ограничен волумен. Можности за размена на моќност и енергија со други ЕЕС, ограничувања од аспект на технички можности кај ТЕЦ. Техники и начини за решавање на повеќедимензионални проблеми на експлоатација на електроенергетски систем.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

M.Calovic, A Saric

Eksploatacije elektroenergetskih sistema

Beograd

1999

2

Skokljev

Planiranje elektroenergetskih sistema,

Beograd

2000

3

A J. Wood, B.. Wollenberg

Power Generation, Operation and Control

 

John Wiley & Sons

1983

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

John Grainger

Power System Analysis

McGraw-Hill

2000

2

Fabio Saccomanno

Electric Power Systems, Analysis and Control

IEEE Press Series

2004