Лични алати
Пријави се

Фазилогичко управување

Предмет: Фазилогичко управување

Код: ФЕИТ01Л013

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 2+2+1+0

Институт: Автоматика и системско инженерство

Предуслов за запишување на преметот: нема

Цели на предмететната програма (компетенции) : Целта на предметот е студентите да се запознаат со еден од неконвенционалните начини на управување со системите. Успешното полагање на испитот ќе подразбира дека тие се оспособиле за анализа и проектирање на неконвенционални (фази управувачи) за управување на објекти и процеси од процесната индустрија и нетехнички подрачја.

Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Зошто фази логички системи? Што се фази логички системи? Каде се употребуваат и како? Математичка основа на фази логичките системи. Фази логика и апроксимативно резонирање (лингвистички променливи, вредности и правила). Фази множества и фази правилова база. Фазификација. Механизам на заклучување. Дефазификација. Математичка репрезентација на фази логичките системи. Такаги-Сугено фази логички системи. Фази управување на линеарни системи: стабилни управувачи и оптимални и робустни управувачи. Фази управување на нелинеарни системи: параметризирани фази управувачи (П, ПД, ПИ, ПИД). Повеќе нивоовско управување вклучувајќи фази логички системи. Стабилно фази управување со употреба на не фази супервизор. Фази управување на фази модели на системите: Такаги-Сугено фази систем. Динамика на фази модел со управување во затворена јамка. Анализа на стабилноста. Дизајнирање на стабилен фази управувач. Основи на невронски мрежи. Примена на невронските мрежи во системите на управување.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Hung T. Nguyen, Elbert A. Walker

A First Course in Fuzzy Logic, Third Edition

Chapman and Hall/CRC; 3. издание

2005

2

Kevin Passino and Steve Yurkovich

“Fuzzy Control”

Addison Wesley Publishing Company

1997

3

Kevin Gurney

An Introduction to Neural Networks

CRC Press

1997

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Timothy J. Ross

Fuzzy Logic with Engineering Applications, Third Edition

Wiley; 3. издание

2010

2

George J. Klir, Bo Yuan

Fuzzy Sets and Fuzzy Logic: Theory and Applications

Prentice Hall

1995

3

James J. Buckley

Simulating Fuzzy Systems (Studies in Fuzziness and Soft Computing)

Springer

2005