Дизајн и моделирање на телекомуникациски мрежи
Предмет: Дизајн и моделирање на телекомуникациски мрежи
Код: ФЕИТ10З029
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Предуслов за запишување на преметот: Ислушан предмет: Телекомуникациски мрежи
Цели на предмететната програма (компетенции) : Моделирање на сообраќајот во телекомуникациските мрежи, изучување на механизмите за контрола на протокот, контрола на пристапот и начините на распределба на ресурсите во мрежата, анализа на квалитетот на сервисот, дизајн на телекомуникациски мрежи при дадени QoS барања, дизајн на корпоративни LAN мрежи, дизајн на пристапни мрежи, дизајн на транспортни мрежи, дизајн на мрежи за пренос на говор преку IP.
Методи на учење: Методот на учење е базиран на теоретски предавања на студентите, дополнети со тематски аудиториски и лабораториски вежби. Консултации со студентите. Изработка на семинарски работи.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Вовед во дизајн и моделирање на телекомуникациски мрежи. Моделирање на сообраќај во телекомуникациски мрежи. Моделирање на Интернет сообраќај за различни апликации. Анализа на квалитет на сервисот на ниво на повик и на пакетско ниво. Моделирање на телекомуникациски мрежи. Контрола на протокот и рутирање. Контрола на пристапот и распределба на ресурсите во пристапни мрежи и скелетни мрежи. Квалитет на сервисите, управување со квалитетот на сервисот. Перформанси на мрежните јазли и на техниките за пристап до мрежата. Дизајн на пристапни мрежи (DSL мрежи, кабелски мрежи, оптика до дома). Дизајн на безжични и мобилни мрежи со дадени перформанси. Дизајн на транспортни мрежи (VPN, оптички транспорт). Дизајн на мултимедиски пакетски мрежи со контрола на квалитетот на сервисите (RSVP, MPLS, диференцирани сервиси). Дизајн на корпоративни IP мрежи. Дизајн на мрежи за пренос на говор преку IP.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Тони Јаневски |
Дизајн и моделирање на телекомуникациски мрежи |
ФЕИТ, интерна скрипта |
2008 |
2 |
Sharon Evans |
Telecommunications Network Modeling, Planning and Design |
IEE |
2003 |
3 |
Martin W. Murhammer et. al. |
IP Network Design |
IBM |
1999 |