Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Дистрибуирани микрокомпјутерски системи

Дистрибуирани микрокомпјутерски системи

Предмет: Дистрибуирани микрокомпјутерски системи

Код: ФЕИТ053030

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Електроника

Предуслов за запишување на преметот:

Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со принципите на работа и перформансите на временски управувани, настанско управувани и повеќе-кластерски дистрибуирани вградливи микрокомпјутерски системи. Стекнати знаења и способност за моделирање, симулација и проектирање на дистрибуирани вградливи микрокомпјутерски системи

Методи на учење: Следење предавања, поканети гости предавачи, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Вовед, проектирање и моделирање на ниво на систем, дистрибуирани вградливи микрокомпјутерски системи за работа во реално време. Временски управувани системи: оптимизација на распределувањето на задачите и пристап кон магистралата, стратегии за инкрементално мапирање и распределување. Настанско управувани системи: анализа на времето на одѕив, анализа на моделите за распределување на задачите во зависност од видот на управување и достапот до податоците и ресурсите, оптимизација на пристапот на магистралата, пристап на инкрементално проектирање, стратегии за мапирање и распределување на задачите. Повеќе-кластерски системи: повеќе-кластерско распределување, стратегии за распределување на задачите и оптимизација, стратегии за партиционирање и мапирање, врамување одредено од видот на распределување на задачите. Експериментална евалуација.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Bernd Kleinjohann, Lisa Kleinjohann, Wayne Wolf,

Distributed Embedded Systems: Design, Middleware and Resources‎

Springer

2008

2

Pop, Paul, Eles, Petru, Peng, Zebo

Analysis and Synthesis of Distributed Real-Time Embedded Systems

Springer

2004