Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Дигитално процесирање на слика

Дигитално процесирање на слика

Предмет: Дигитално процесирање на слика

Код: ФЕИТ053032

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Електроника

Предуслов за запишување на предметот: нема

Цели на предметната програма (компетенции) :
- Да се разберат основите на дигиталното процесирање на слика;
- евалуација на релативните предности на различните алгоритми;
- користење на професионални алатки;
- развој на едноставни сопствени алатки (во МАТЛАБ);
- следење на предметите “дигитални видеосистеми” и “мултимедиски системи”.

Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, проектни задачи.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Основни поими за слика и сликовно процесирање; видови сликовни системи. Претставување на аналогни слики: дводимензионални адитивни линеарни системи; LSV и LSI сликовни системи; хомоморфни системи. Дигитализација на слика: 2-D семплирање и реконструкција; квантизација; дигитализација на телевизиски видеосигнал. Сликовно подобрување: манипулации со контрастот; процесирање на хистограмот; измазнување и изострување на слика; дискретни унитарни трансформации; 2-D Фуриеова трансформација и особини; теорема на проекциони пресеци; сликовно подобрување во доменот на трансформацијата. Реставрација на слика: модел на деградација на слика; задача на реставрацијата; реставрација на слика деградирана со шум; реставрација на LSI размачкана слика; реставрација на геометриски деградирана слика. Колор процесирање. Вејвлети и мултирезолуциско процесирање. Детекција на рабови: методи базирани на градиентот, методи засновани на лапласијанот; спојување на рабови. Морфолошко процесирање: основни концепти; дилатација/ерозија; отворање/затворање; екстракција на граница; пополнување на региони; екстракција на поврзани компоненти; истенчување; здебелување; скелетонизација. Сегментација на слика: сегментација базирана на прагови; сегментација базирана на региони; сегментација базирана на морфолошки вододелници. Компресија на слика: видови редунданција; критериуми за верност; Компресија без загуби: VL, LZW и BP-кодирање; предиктивно кодирање без загуби; Компресија со загуби: предиктивно кодирање со загуби; трансформационо кодирање; кус преглед на стандардите за компресија на слика.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Љ. Пановски

Системи за обработка на слика, скрипта

 

2002

2

R. C. Gonzalez and R. E. Woods

Digital Image Processing

Prentice Hall

2002

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

A. K. Jain

Fundamentals of Digital Image Processing

Prentice Hall

1988