Дигитални Телекомуникации 2
Предмет: Дигитални Телекомуникации 2
Код: ФЕИТ10Л021
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Предуслов за запишување на преметот: положен: Случајни сигнали и теорија на информации, ислушан: Дигитални телекомуникации 1
Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со потребата од примена на различни кодирања во современите дигитални телекомуникациски системи. Својства на линиските кодови и модулациите со меморија. Проучување на различни кодни шеми за зголемување на доверливоста на пренос и нивно декодирање. Концепт за конкатенација на кодови и итеративно кодирање. Сигнали со експандиран спектар.
Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Линиски кодови и нивни спектри. Модулациски постапки со меморија: CPFSK, MSK, CPM. Вовед во каналско кодирање – концепти на ARQ и FEC шеми. Основни поими од конечни полиња. Линеарни блоковски кодови: Hamming-ови кодови. Циклични кодови. BCH и Reed-Solomon-ови кодови. Конволуциски кодови. Техники на декодирање – тврдо и меко декодирање. Витерби алгоритам за декодирање на секвенца од симболи. Трелис кодирана модулација и техники на декодирање. Турбо кодови. Пренос на сигнали со експандиран опсег. Сигнали со експандиран спектар со директна секвенца. Генерирање на PN секвенци
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
J. G. Proakis |
Digital Communications |
McGraw-Hill |
2001 |
2 |
Татјана Улчар-Ставрова |
Теорија на информации
|
ФЕИТ -Скопје |
1995 |
3 |
|
Интерна скрипта за ДКТ2 (теорија и задачи) |
|
|
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Џон Г.Проаксин и Масуд Салехи |
Дигитални комуникации, петто издание |
|
2010 |