Дигитални телекомуникации 1
Предмет: Дигитални телекомуникации 1
Код: ФЕИТ10З013
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Предуслов за запишување на преметот: Основи на телекомуникации
Цели на предмететната програма (компетенции) : Студентот ќе се стекне со фундаментални знаења од областа на дигиталните телекомуникации, и тоа на различни техники на претворање на аналогни сигнали во дигитални сигнали, различни типови на дигитални модулации, функционирање на оптимален приемник и оптимален детектор на дигитални сигнали и веројатност на грешка при детекција, и пренос на дигиталните сигнали низ системи со ограничен опсег заедно со техниките на еквализација. Добиените знаења претставуваат основа за разбирање на современите дигитални системи за пренос на сигналите, како и основа за следење на повеќе други наставни предмети со поспецифична проблематика.
Методи на учење: Преку предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, домашно учење, домашни задачи.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Теорема на земање на примероци. Импулсно кодна модулација. Рамномерна квантизација. Оптимална скаларна квантизација. Неуниформна квантизација. Векторска квантизација. Диференцијална импулсно кодна модулација. Делта модулација. Линеарно предиктивно кодирање и примена кај кодирање на говор. JPEG кодирање на слика. Претстава на дигитални сигнали во сигнален простор: eднодимензионални, дводимензионални и повеќедимензионални сигнали. Оптимален приемник за дигитално модулирани сигнали во присуство на бел гаусов шум. Оптимален детектор. Веројатност на грешка за детекција во присуство на бел гаусов шум: PAM, QAM, PSK, ортогонални сигнали. Практични аспекти на приемници на дигитални сигнали. Пренос на дигитални сигнали низ канали со ограничен опсег. Дизајн на сигнали за канали со ограничен опсег. Еквализација. Линеарни еквализатори.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Венцеслав Кафеџиски |
“Предавања по предметот Дигитални телекомуникации 1” |
интерна скрипта, ЕТФ, Скопје |
2006 |
2 |
|
|
|
|
3 |
|
|
|
|
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
John G. Proakis, Masoud Salehi |
“Communications Systems Engineering”, 2nd edition |
Prentice Hall |
2002 |
2 |
John G. Proakis, |
“Digital Communications”, 5th edition |
McGraw Hill |
2008 |