Лични алати
Пријави се

Дигитална заштита

Предмет: Дигитална заштита

Код: ФЕИТ04З022

Неделен фонд на часови: 3+2+0+0

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Институт: Електрични централи и разводни постројки

Предуслов за запишување на преметот: Положен: Основи на електроенергетика

Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со со хардверот и софтверот на современа дигитална релејна заштита и нејзината примена за заштита на елементите од електроенергетскиот систем. Правилен избор на системите на современата релејна заштита, нејзина експлоатација и испитување на истата.

Методи на учење: Предавања и вежби предвидени за предметот и дополнителна литература.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Вовед: основни карактеристикина дигитални релеи. Споредба на дигиталната заштита со претходните генерации на заштита (електромеханичка, статичка). Запознавање со дигитална технологија и дигитална обработка на сигнали. Концепција и дизајна на дигитална заштита: Хардвер на дигитални релеи. Општа структура на хардверот на дигиталните релеи. Релеен интерфејс. Оперативна средина на дигиталните релеи. Алгоритми на дигиталните релеи: Алгоритам за надструјни релеи. Алгоритам на диференцијални релеи. Алгоритам на дистантни релеи. Алгоритам за мерење на импеданси. Лоцирање на грешки . Лоцирање на грешки со користење на привидна реактанса. Компензација на далечинска грешка. Точна компензација на капацитетот на водовите. Хардвер на локаторите на грешки. Тестирање на нумеричките релеи: Хардвер на уредите за тестирање на нумеричките релеи. Дигитална симулација на грешки во електроенергетскиот систем. Стандарди за типични дигитални релеи: Електрична средина, едносмерен и наизменичен напонски извор. Изолација. Електромагнетска компатибилност. Изведба на дигитална заштита на генератори. Избор надигитална заштита на генератори.. Изведба на дигитална заштита на енергетски трансформатори. Избор надигитална заштита на енергетски трансфор-матори. Изведба на дигитална заштита на преносниелектричните мрежи: Избор на дигитална заштита на преносните електрични мрежи. Изведба на дигиталназаштита на дистибутивни мрежи. Избор на дигитална заштита на дистибутивни мрежи. Изведба надигитална заштита на електромотори: Избор на дигитална заштита на електромотори. Изведба на дигиталназаштита на собирници. Избор на дигитална заштита на собирници.Координирана контрола. Конвенционалниконтролни системи. Концепт на модерен координиран систем. Функционирање на системот. Предности накоординираните контролни системи.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Мито Златаноски

Дигитална релејна заштита, интерна скрипта

 

2006

2

Group of Authors

Power System Protection, Volume 4: Digital protection and signalling

IEE

2001

3

 

Network Protection & Automation Guide

AREVA

2005