Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Дигитален пренос на информации

Дигитален пренос на информации

Предмет: Дигитален пренос на информации

Код: ФЕИТ103011

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Автоматика и системско инженерство

Предуслов за запишување на преметот: Математика 3

Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со современите техники и технологии за пренос на информации. (Разбирање на основните комуникациски принципи, техники за пренос на информацијата и телекомуникациски мрежи)

Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа, поканети предавања на експерти

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Основен модел на систем за дигитален пренос на информации. Извори на информации. Случајни и детерминистички сигнали. Фуриева трансформација и спектар на детерминистички сигнали. Корелациски функции и спектар на случајни процеси. Преносна функција и импулсен одѕив на линеарен систем. Идеален пренос. Изобличувања на сигналите. Амплитудна модулација. Фазна и фреквентна модулација. Бел Гаусов шум и негови карактеристики. Земање примероци, квантизација и импулсно-кодна модулација. Дигитална модулација. Критериуми на одлучување. Веројатност за појава на грешка во дигитален приемник. Слоевита архитектура во телекомуникациски мрежи. Референтни модели OSI и TCP/IP. Протоколи во повисоки слоеви. Протоколи за контрола на пристап до медиуми и локални мрежи. CSMA. 100 Мбит/с и 1000 Мбит/с Ethernet. Оптички мрежи. Безжични локални мрежи IEEE 802.11. IP протоколи. TCP протоколи. Интернет. Архитектура и рутирање. Мрежи од следна генерација. Современи телекомуникациски сервиси и апликации.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Б. П. Латхи

Современи дигитални и аналогни комуникациски системи

Oxford University Press

1998

2

А. Л. Гарсија, И. Виџаја

Комуникациски мрежи: основни концепти и клучни архитектури

McGraw-Hill

2004