Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Биомедицинска електроника

Биомедицинска електроника

Предмет: Биомедицинска електроника

Код: ФЕИТ05Л041

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Електроника

Предуслов за запишување на преметот:

Цели на предмететната програма (компетенции) : Оспособување на студентот за разбирање на принципите на работа на биомедицинската електроника и опрема; оспособување за примена на практичните и теоретските основи на биомедицинската електроника во проектирање, анализа на работата, инсталација, тестирање и одржување на овие уреди и системи.

Методи на учење: Следење предавања, поканети гости предавачи, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Вовед. Основни концепти на медицинската инструментација и терапевтска опрема. Биопотенцијали: електрична активност на возбудена ќелија, електронеурограм, електромиограм, електрокардиограм, електроретинограм, електроенцефалограм, магнетоенцефалограм. Електроди за биопотенцијали. Сензори за медицински апликации, аквизиција и кондиционирање на сигналите, шум и отстранување на интерференцијата. Електронски уреди за: мерење на крвен притисок, проток и волумен; мерења на респираторниот систем; клинички лабораториски испитувања; медицински снимања; терапевтски и простетички. Проектни барања за безбедна работа на уредите по животот и здравјето. Проектирање на подсистемите за напојување на медицинска опрема: преглед на прекинувачки извори за напојување, потребни заштитни мерки, електромагнетна компатибилност, напојување на високонапонски дефиблиратори .

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

John G. Webster

Medical Instrumentation Application and Design, 4‑th edition

Wiley

2009

2

David Prutchi, Michael Norris

Design and Development of Medical Electronic Instrumentation

Wiley

2004

3

Reinaldo Perez

Design of Medical Electronic Devices

Academic Press

2002

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

C.R. Rao, S.K. Guha

Principles of Medical Electronics and Biomedical Instrumentation

Universities Press,India

2004