Лични алати
Пријави се

Биоинженерство

Предмет: Биоинженерство

Код: ФЕИТ013021

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 2+2+1+0

Институт: Автоматика и системско инженерство

Предуслов за запишување на преметот: Нема

Цели на предмететната програма (компетенции) : Целта на овој предмет е студентот да се запознае со научните и технолошки основи за подрачјата кои се сотавен дел на биоинженерството, меѓу кои се вбројуваат: биосензори, биоинструментација, процесирање на сигнали кај биолошки процеси, биомеханика, биоматеријали, инженерство на ткива, процесирање на слики од биолошко потекло, биомедицинска оптика и ласери, неуроинженерство, инженерство на протеини и клетки, биомолекуларни машини.

Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Вовед во физиологија и биомедицина: Запознавање на основни карактерискити, структура и функционалност на физиолошки процеси – вклучувајќи ги кардио-васкуларен систем, клетки, динамика на мозочни бранови, јонски канали и слично. Технички основи на мерните инструменти и процедури. Обработка на биомедицински сигнали: Анализа на биомедицински сигнали во временско и временско-фреквентен домен. Квантитативна анализа на инвензивни и неинвензивни биомедицински мерења и импликации за дијагностицирање и откривање на клинички состојби и болести. Обработка на биомедицински слики: Маркирање и детекција на карактеристики од слики со биомедицински сорджини – магнетна резонанца, ренген, ласерско-оптичка томографија и слично. Моделирање и симулација на биолошки системи: Математичко моделирање и нумеричка симулација на постоечки биолошки процеси и системи, проучување на нивна интеракција и квалитативно однесување. Нелинеарни биомедицински системи: Проучување на временско-варијабилни осцилаторни карактеристики на биомедицински системи – теоретска и практична анализа на кардио-респираторна интеракција и осцилаторни процеси од крвен проток. Квалитативни транзиции во кардио-респираторна синхронизација и одредување на дирекционалност.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ann Saterbak, Ka-Yiu San, Larry V McIntire

Bioengineering Fundamentals

Prentice Hall; 1 edition

2007

2

Shu Chien, Peter C Y. Chen, Y C. Fung

An Introductory Text to Bioengineering (Advanced Series in Biomechanics)

World Scientific Publishing Company; 2. издание

2008

3

W. Mark Saltzman

Biomedical Engineering: Bridging Medicine and Technology (Cambridge Texts in Biomedical Engineering)

Cambridge University Press

2009

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

John Enderle, Joseph Bronzino

Introduction to Biomedical Engineering, Third Edition (Academic Press Series in Biomedical Engineering)

Academic Press; 3. издание

2011