Лични алати
Пријави се

Безжични комуникации

Предмет: Безжични комуникации

Код: ФЕИТ10Л019

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Телекомуникации

Предуслов за запишување на предметот: Дигитални телекомуникации 1

Цели на предметната програма (компетенции) : Студентот ќе се стекне со фундаментални познавања на фединг канали, модулација и кодирање при рамен фединг, OFDM, сигнали со проширен опсег и CDMA, интелигентни антени и MIMO системи и ќе се оспособи за разбирање на принципите на функционирањето на било кој постоен или иден безжичен телекомуникациски систем.

Методи на учење: Преку предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, домашно учење, проектни задачи, самостојни задачи, посета на компании и предавања од експерти од стопанството.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Поделба на large-scale и small-scale фединг. Слабеење од простирање во слободен простор. Емпириски модели на слабеење од простирање. Слабеење од засенување. Импулсен одзив на временски променливи канали. Статистичка карактеризација на временски променливи канали. Рејлиев и Рајсов фединг. Детекција во услови на бавен, рамен фединг. Веројатност на испад. Типови на диверзитет и техники на комбинирање. Заштитно кодирање кај фединг канали: интерливинг и веројатност на грешка. Адаптивен пренос кај фединг канали: техники со промена на предавателната моќност, адаптивна модулација, адаптивно кодирање. Модулација со повеќе носители. OFDM. Улога на цикличниот префикс кај OFDM. Предизвици кај системи со повеќе носители. Принципи на експандиран опсег. Експандиран опсег со директна секвенца. Карактеристики на секвенците за експандирање на опсегот. Експандиран опсег со фреквенциско скокање. Повеќекориснички системи со експандиран опсег – анализа на downlink и uplink. Антенски полиња и интелигентни антени. Дијаграм на зрачење кај антенски полиња. Типови на антенски полиња. МИМО системи - модел на канал и капацитет. Просторно временско кодирање. Просторно мултиплексирање.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Венцеслав Кафеџиски

“Предавања по предметот Безжични комуникации”

интерна скрипта, ФЕИТ, Скопје

2007

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Andrea Goldsmith

“Wireless Communications”

Cambridge University Press

2005

2

Theodore Rappaport

“Wireless Communications: Principles and Practice”, 2nd edition

Prentice Hall

2002