Лични алати
Пријави се

Безжични канали

Предмет: Безжични канали

Код: ФЕИТ10З012

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Телекомуникации

Предуслов за запишување на преметот: Положени: Mатематика  3, Ислушани: Основи на телекомуникации

Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со својствата на телекомуникациските сигнали кои се пренесуваат низ безжичните канали, теоретски, емпириски и статистички модели на безжичен канал, фединг, статистички параметри со кои се опишува сигналот  кој поминал низ безжичен канал (разбирање на преносот на информација преку безжични канали, симулациско моделирање на безжични канали)

Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа, поканети предавања на експерти од телекомуникациската индустрија

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Потреба од безжичен пренос на телекомуникациски сигнали. Радио фреквентни подрачја за телекомуникации. Модел на безжичен канал со една патека. Модел на безжичен канал со две патеки. Безжичен канал над неправилен терен. Средно слабеење на безжичните сигнали. Скетеринг. Дифракција од остри ивици и дифракција од реални препреки. Френелови зони. Безжичен канал во урбана средина. Безжичен канал во затворена средина. Емпириски канални модели. Модел на Енгли. Модел на Hata-Okumura. Модел Cost-231. Модел на Валфиш-Бертони. Безжичен канал со повеќе патеки. Фединг. Фединг во големи размери. Засенување. Фединг во мали размери. Фединг како случаен процес. Rayleigh-ев фединг. Rice-ов фединг. Анвелопа и фаза на фединг сигнал. Автокорелација на анвелопа на фединг сигнал. Доплеров ефект. Доплеров спектар. Фреквентна селективност и временска дисперзија. Канален кохерентен опсег. Канално време на кохеренција. Статистики на сигналот од втор ред. Честота на пресеци. Времетраење на испади. Статистички профил на безжичен канал. Симулациско моделирање на безжични канали.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

J. D. Parsons

The Mobile Radio Channel

John Wiley & Sons

2000

2

M. Patzold

Mobile Fading Channels

John Wiley & Sons

2002

3

M. K. Simon, M-S Alouini

Digital communications over fading channel

Wiley-Interscience

2005