Безжични и мобилни мрежи
Предмет: Безжични и мобилни мрежи
Код: ФЕИТ10Л020
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Предуслов за запишување на преметот: положени: основи на телекомуникации, ислушани: телекомуникациски мрежи
Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со концептите, примената и идните насоки на развој на безжичните и мобилните мрежи. Распознавање на основните функционални и технички карактеристики на различни мрежни концепти, технички решенија и протоколи. Разбирање на глобалните развојни насоки во доменот на безжичните и мобилните мрежи. Самостојно решавање на проблеми од областа на безжичното омрежување.
Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи, посета на релевантни телекомуникациски компании, поканети предавања на експерти од телекомуникациската индустрија
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Вовед и историјат. Основни поими (класификација, целуларен концепт, micro-, macro- и pico-мобилност, handover-и итн.). Типови на мрежи: безжични (cordless), целуларни, пакетски ориентирани, локални, персонални итн. Архитектури и протоколи. Пристапни техники. Развој и карактеристики на xG генерации на мобилни системи (2G, 2G+, 3G, B3G и 4G). Мрежно ниво. Поддршка на IP. QоS. Напредни мрежни решенија и нови технологии за реализација на безжични мрежи (WLAN, WiMAX). Сигурносни аспекти. Планирање и менаџмент на безжични мрежи.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
J. Bannister, P. Mather, S. Coope |
Convergence Technologies for 3G Networks: IP, UMTS, EGPRS and ATM |
Wiley |
2004 |
2 |
M. Sauter |
From GSM to LTE: An Introduction to Mobile Networks and Mobile Broadband
|
Wiley |
2010 |
3 |
B. Walke |
IEEE 802 wireless systems:protocols, multi-hop mesh/relaying, performance and spectrum coexistence
|
J.Willey & Sons |
2006 |