Автомобилска електроника
Предмет: Автомобилска електроника
Код: ФЕИТ05Л036
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Предуслов за запишување на преметот:
Цели на предмететната програма (компетенции) : Оспособување на студентот за разбирање на принципите на работа на електричните и електронските системи во автомобилите; оспособување за анализа, симулирање и проектирање на електронските системи за управување на механичките системи во автомобилите; оспособеност за тестирање и верификација на системите од автомобилската електроника.
Методи на учење: Следење предавања, поканети гости предавачи, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Вовед. Основни принципи. Автомобилски сензори за притисок, позиција, проток, температура, влажност, брзина, забрзување, кислород, торк, светло и растојание, карактеризација и моделирање, селекција на сензори, интерфејси, меморирање и процесирање на сигналите за специфични апликации. Системи за управување: моделирање на динамичкото однесување, временски и фреквенциски одѕив, методи на автоматско управување, анализа на стабилноста, дискретни и дигитални системи за автоматско управување, проектирање на контролери за автомобилски системи. Примена на уредите од енергетската електроника за управување на електричните мотори и актуатори кај автомобилите. Комуникациони протоколи: анализа и имплементација на комуникационите протоколи, пренос на податоци, кондиционирање на сигналите. Дијагностички протоколи. Електрични и хибридни возила.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Tom Denton |
Automobile Electrical and Electronic Systems, Fourth Edition |
Butterworth-Heinemann |
2011 |
2 |
Nicolas Navet, Francoise Simonot-Lion |
Аutomotive Embedded Systems Handbook |
CRC Press |
2009 |
3 |
John F. Kershaw |
Classroom Manual for Automotive Electrical and Electronic Systems |
Prentice Hall |
2007 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
William B. Ribbens |
Understanding Automotive Electronics, 5-th edition |
Newnes |
2006 |
2 |
Ronald k. Jurgen |
Automotive Electronics Handbook, 2-nd edition |
McGraw-Hill |
2007 |