Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Автоматизација на производни постројки и процеси

Автоматизација на производни постројки и процеси

Предмет: Автоматизација на производни постројки и процеси

Код: ФЕИТ01З024

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 2+2+1+0

Институт: Автоматика и системско инженерство

Предуслов за запишување на преметот: Нема

Цели на предмететната програма (компетенции) : Цел на оваа дисциплина е оспособување на кандидатите за работа во индустриски постројки од различен тип. Со успешно завршување на предметот студентите ќе бидат оспособени:

- Читање на индустриски управувачки шеми

- Проектирање на алгоритми на управување за индустриски процеси - Проектирање на систем за автоматско управување на постројка.

Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, проектни задачи, аудиториски вежби, сето тоа дополнето со посета на индустриски капацитети.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Општи аспекти на процесна автоматизација; Физички основи и карактеристики на технолошкиот процес Автоматизација на термоенергетски објекти, Автоматизција на хидромеханички процеси, Транспорт на флуиди, Мешање на течности, Филтрирање и очистување на гасови, Загревање и ладење на течности во топлоизменувачи, Термоенергетски агрегати и согорување на фосилно гориво и гасни агрегати, Индустриска ладилна постројка, Автоматизација на процеси и постројки на дестилација, Автоматизација на постројка за сушење, Автоматизација на загревни и термички печки

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Dale Seeborg, Thomas Edgar, Duncan Mellichamp

Process Dynamics and Control

Wiley

2003

2

David Bailey, Edwin Wright

Practical SCADA for Industry

Elsevier

2003