Апликативен софтвер во ЕЕС
Предмет: Апликативен софтвер во ЕЕС
Код: ФЕИТ09Л017
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+2+0
Институт: Преносни електроенергетски системи
Предуслов за запишување на преметот: положени: Практикум за Matlab. Електрични мрежи. Дистрибутивни системи. ислушани: Високонапонски мрежи и системи.
Цели на предмететната програма (компетенции): Запознавање со основните компјутерски апликации што се користат за пресметка состојби во ЕЕС. Изработка на модели на ЕЕС и примена на компјутерските апликации.
Методи на учење: Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи.
Вкупен расположив фонд на часови: 180
Содржина на предметната програма: Работа со MATLAB/Simulink. AC и DC модели кај електроенергетски мрежи. Работа со надворешни датотеки во различни формати. Анализа на пренапони од атмосферско и комутационо потекло, стабилност на работата на ЕЕС. Примена на Simulink за анализа на преодни процеси во ЕЕС. Запознавање со SimPowerSystems. Формирање на системи од основните модели на елементите. Формирање на модели за нови елементи. Моделирање на нелинарни елементи. Потсистеми во рамки на еден комплексен систем. Креиеање маски. Симулации со помош на програмирање во m-датотеки. Работа со Excel. Основни операции и пресметки со примена на вградени функции (комплексни броеви, матрици, статистички операции). Програмирање во VBA. Комуникација од VBA со објектите на Excel и со екстерни датотеки и бази на податоци. Работа со Power World, DIgSILENT. Работна околина, нагодување, алатки, формати на податоци, единечни вредности. Моделирање на елементите на ЕЕС: собирници, водови, трансформатори, генератори, криви на трошоци, компензатори. Анализа на систем со разни вклопни состојби: нормални/хавариски. Влијание на испадите врз можноста за пренесување на моќност и врз напонските прилики. Анализа на ЕЕС во режим на куса врска. Статичка и динамичка стабилност на ЕЕС. Оптимални текови на моќност.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
В. Леви, Д. Бекут |
Примена рачунарских метода у електроенергетици |
Стилос, Н. Сад |
1997 |
2 |
Д. Рајичиќ, Р. Талески |
Компјутерски методи за анализа на ЕЕС |
ЕТФ |
1996 |
3 |
Р. Ачковски |
Високонапонски мрежи и системи |
ЕТФ-Скопје |
1995 |