Лични алати
Пријави се

Аналоген дизајн

Предмет: Аналоген дизајн

Код: ФЕИТ053011

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Електроника

Предуслов за запишување на предметот: нема

Цели на предметната програма (компетенции) :
- Запознавање со основните структури на аналогните интегрирани електронски кола и системи, принципите на работа и нивните основни карактеристики, нивната примена, како и методите за нивна анализа и експериментално испитување.
- Оспособување за проектирање и користење на аналогните интегрирани електронски кола при моделирање и решавање на конкретни проблеми во инженерството.

Методи на учење: Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), самостојно решавање домашни задачи, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Структура на операциски засилувачи; Еднонасочен режим и поларизација на операциски засилувачи, влезен степен, засилувач на напон, излезен степен; Карактеристики на реален операциски засилувач; Примери на операциски засилувачи со биполарни и униполарни транзистори. Анализа при работа со мали сигнали; Фреквенциски карактеристики на операциски засилувачи; Алтернативни конфигурации на CMOS и BiCMOS операциски засилувачи; Примена на операциски засилувачи (компаратори, преобразувачи, логаритамски засилувач, антилогаритамски засилувач). Активни филтри. Структури со SCC. Нелинеарни аналогни кола, Ааналогни множачи, PLL. Шумови во интегрираните засилувачи....

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Г. Арсов

Интегрирани склопови

http://kursevi.etf.ukim.edu.mk

2006

2

Gray et al.

Analysis and Design of analog integrated circuits

Wiley

2009

3

Razavi

Design of analog CMOS integrated circuits

McGraw-Hill

2001