Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Анализа на комуникациски екосистем

Анализа на комуникациски екосистем

Предмет: Анализа на комуникациски екосистем

Код: ФЕИТ10З004

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Телекомуникации

Предуслов за запишување на преметот: Нема.

Цели на предмететната програма (компетенции) : Разбирање на полето на комуникациите како екосистем во кој технологијата, економијата и корисниците се во длабока меѓусебна поврзаност. Анализа на интеракциите во комуникацискиот екосистем. Развој на комуникациски сервиси и уреди кои можат да ги исполнат корисничките потреби и да овозможат развој на успешни бизнис модели.

Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи, посета на релевантни телекомуникациски компании, поканети предавања на експерти од телекомуникациската индустрија

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Опис на комуникациите како вид на екосистем. Анализа на интеракции помеѓу технологија, економија и корисници. Вовед во соодветна терминологија. Кориснички потреби и корисничко однесување и нивна корелација со комуникациски сервиси. Влијание на квалитетот на мрежата врз искористливоста на сервисите и апликациите. Основни економски концепти зад понудувачите на комуникациски сервиси. Ценовна организација на мрежни сервиси и мрежна инфраструктура. Социјални системи и нивна улога. Апликациски и мрежни модели. Комбинирање на различни домени со помош на аналитичко моделирање на екосистем.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

S. Z. Asif

Next Generation Mobile Communications Ecosystem: Technology Management for Mobile Communications

Wiley

2011

2

M. Fransman

The New ICT Ecosystem: Implications for Policy and Regulation

Cambridge University Press

2010