ЦЕЛИ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА
Целта на студиската програма ЕЕУМ е да поизведе нов и современ електроенергетичар со солидно теоретско знаење во базичните области на електроенергетиката (производство на електрична енергија, електрични постројки и потрошувачката на ел. енергија) и добра практична перспектива и вештини во совладување на инженерските задачи. Со стекнатите компетенции, програмата ќе им овозможи на дипломираните студенти да се соочат со енергетските предизвици во новата технолошка и економска околина. Иако електроенергетиката е добро проучена и истражена и многу решенија се познати со децении, потребата за: пораст на искористувањето на ел. енергија, почитување на аспектите на животната средина, енергетската ефикасност, квалитетoт и конкурентскатa предност во услови на пазарна економија, наложува изучување и примена на нови технолошки решенија во енергетиката, софистицирано компјутерски базирано управување и менаџерска анализа.
Со студиската програма ЕЕУМ дипломираните студенти ќе ги стекнат следните компетенции:
- Солидно стручно знаење во технологиите застапени во модерната електроенергетика посебно производство на електрична енергија од конвенционални и обновливи извори на енергија, како и објектите и постројките кои се активни чинители на електроенергетскиот систем.
- Солидно познавање на концептите, методите и системите за управување во електроенергетските објекти од секаков вид и нивниот динамичен и брз развој соодветно на развојот на информатичко-комуникациските технологии и барањата за квалитет на пазарот на електрична енергија.
- Способност и владеење со техниките за планирање, проектирање и градба на објекти во електроенергетски систем, водење проекти во електроенергетиката во сите фази на нивната имплементација и способност за истражувања на нови методи и техники применети во ЕЕС.
- Користење на компјутерски алатки за анализа и решавање инженерски задачи во електроенергетиката.
- Способност за аналитички пристап и охрабрување за донесување одлуки со: идентификација и разбирање на задачите и можностите, развој на релевантни критериуми и споредба на информациите од различни извори, користење на ефикасни пристапи и методи, како и согледување на последиците од преземените активности.
- Мотивација и заинтересираност за континуирано учење и спознавање на нови области и нови техники и методи применети во функција на енергетската и трошковна ефикасност од производството на ел. енергија па сé до нејзиното ефектуирање во бизнисот.
- Познавање на менаџерските вештини и техники и основите на проектниот менаџмент со што студентите ќе можат успешно да водат проекти како Проект-менаџери или работат како Прво-ниво на менаџери (Project menagers and First-line managers).
- Низ задолжителните и предвидените изборни предмети се афирмира познавање на нови тематски содржини кои ќе придонесат дипломираниот инженер да може да комуницира со сите останати инженерски профили во заедничките тимови при работа на технички проекти.
Со предвидените содржини од менаџмент и начините на современо интерактивно учење и комуникација, студиската програма овозможува развој на иницијативноста и креативноста во работењето кај студентите, чувство за лидерство и негување на високи етички принципи, при тоа градејќи го нивниот интегритет и нивниот индивидуален стандард.






