Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) НОВИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ НА ФЕИТ ЕЕУМ ОПРАВДАНОСТ СО ОГЛЕД НА ПОТРЕБИТЕ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

ОПРАВДАНОСТ СО ОГЛЕД НА ПОТРЕБИТЕ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

Компаниите во електроенергетскиот сектор се повеќе се соочуваат со динамична работна околина на големи технолошки промени и работа на комплексни проекти. Новата деловна политика на компаниите треба да се прилагоди на брзите промени каде е потребно знаење и вештини при апликации на новите технологии и снаоѓање во сложената проектна околина. При тоа, потребите на компаниите се да имаат едуциран стручен кадар кој ќе има солидни стручни познавања од електроенергетика, ќе биде во чекор со примената на ИКТ во електроенергетскиот бизнис и ќе ги разбира условите, околностите и можностите при работа и менаџмент на проекти и општо работењето во ЕЕС. Денес, компаниите во електроенергетиката бараат комплетен стручњак – инженер кој ќе ги има знаењата и вештините од управување на техничките системи во електроенергетските објекти, кое денес не може да се замисли без новите информатичко-комуникациски технологии и менаџмент применет на работата на проекти од фазата на градба па се до долгогодишна експлоатација на електроенергетските објекти.