Лични алати
Пријави се

Вовед во наноелектроника

1.    Наслов на наставниот предмет

Вовед во наноелектроника

2.    Код

3ФЕИТ05Л008

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Катерина Ралева

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со принципот на работа на новите генерации електронски елементи реализирани со квантни точки и квантни жици. Ги разбира основните принципи на квантната физика и физиката на цврсто тело. По завршувањето на курсот, студентот ќе биде оспосебен за примена на нанометарските електронски елементи во електронските кола и ќе има основа за разбирање на идните нанометарски елементи и структури што ќе се применуваат во електрониката по CMOS  технологијата.

11.    Содржина на програмата: Вовед во нанотехнологија - top-down и bootom-up пристап. Вовед во квантна физика – основни постулати, Шредингерова равенка, бранова функција. Потенцијална јама, потенцијална бариера. Квантизација Тунелирање. Електронска статистика - Ферми-Диракова функција. Функција на густина на квантни состојби за: 0-, 1-, 2- и 3- димензионални структури. Електронска струја.  Двотерминални електронски елементи со квантна точка  и двотерминални електронски елементи со квантна жица. Модел на електронски елемент со квантна точка/квантна жица за мали сигнали. Струјно-напонска карактеристика. Молекуларен FET – принцип на работа. еквивалентен модел за големи сигнали. FET со квантна точка и FET со квантна жица. Балистички и небалистички MOSFET.Технолошки и термодинамички граници  на силициумската CMOS технологија. Идни правци во развојот на електрониката.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

90

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

 

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

70

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Следење на предавањата и аудиториските вежби и успешно изведени лабораториски вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Marc Baldo

Introduction to Nanoelectronics

MITOpenCourseWare Publication

2010

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

D. Vasileska, S.M. Goodnick, G. Klimeck

Computational Electronics: Semiclassical and Quantum Device Modeling and Simulation

CRC Press, Taylor & Francis Group

2010