Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) НОВИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ НА ФЕИТ Вовед во електроенергетски системи

Вовед во електроенергетски системи

1.    Наслов на наставниот предмет

Вовед во електроенергетски системи

2.    Код

3ФЕИТ09З004

3.    Студиска програма

КСИАР, КТИ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/5

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Александра Крколева Матеска

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на основни знаењa за електроенергетскиот систем. Разбирање на начинот на пренос, дистрибуција и снабдување на електрична енергија.

11.    Содржина на програмата: Облици на енергија и нивна трансформација во електрична енергија. Основни концепти  во електроенергетските системи (ЕЕС) – еднонасочни и наизменични системи.Трифазни ЕЕС. Моќност и енергија. Структура на ЕЕС – основни карактеристики на системите за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија. Искористување на електрична енергија.Електроенергетски дејности и основни принципи на снабдување. Основни карактеристики на нисконапонски електроенергетски инсталации.  Основни карактеристики и моделирање на елементите на ЕЕС. Надземни и кабелски водови, нивни карактеристики и примена. Пад на напон, загуба на моќност загуба на моќност во елементите на ЕЕС.Проблем на распределба на моќности во ЕЕС. Основни претпоставки за решавање на распределба на моќности во ЕЕС. Потреба од регулација на фреквенција и регулација на напони во ЕЕС. Интерконектирани ЕЕС – основни поими и дефиниции.

12.    Методи на учење: Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на предавањата и вежбите.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

В. Стрезоски

Основи на електроенергетика

ФТН - Нови Сад

1996

2

Р. Ачковски

Преносни и дистрибутивни системи

ЕТФ - Скопје

1996

3

A. von Meier

Electric Power Systems

IEEE Press, John Wiley & Sons

2007

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Р. Ачковски, М. Тодоровски

Збирка задачи од областа на преносните и дистрибутивни системи

ФЕИТ - Скопје

2007

2

S. W. Baume

Electric Power System Basics

IEEE Press, John Wiley & Sons

2007