Техника на висок напон 2
| 1. Наслов на наставниот предмет | Техника на висок напон 2 | |||||||
| 2. Код | 3ФЕИТ09Л024 | |||||||
| 3. Студиска програма | ЕЕС | |||||||
| 4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
| 5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
| 6. Академска година/семестар | III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6.00 | |||||
| 8. Наставник | Д-р Мирко Тодоровски | |||||||
| 9. Предуслов за запишување на предметот | 
 | |||||||
| 10. Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со карактеристиките на молњата како извор на атмосферските пренапони, заштита на електроенергетски објекти, постројки и надземни водови, координација на изолацијата, методи за анализа, симулација и моделирање, комутациони (склопни) пренапони и заштита од нив. | ||||||||
| 11. Содржина на програмата: Вовед. Основни поими и дефиниции. Област на изучување. Молња – извор на атмосферските пренапони и нејзини карактеристики. Заштита од директни удари на молњата и СЗАП. Заштита на објектите, надземните водови и електроенергетските постројки. Простирање на бранови по водовите. Прекршување и одбивање. Петерсеново правило. Искришта и одводници на пренапони. Координација на изолацијата. Заземјување и импулсен отпор. Моделирање. Заштита на разводните постројки и трафостаници од упадни бранови. Комутациони пренапони во ЕЕС. Пренапони при вклучување и исклучување на реактивни елементи и долги водови. Примена на Matlab/Simulink за анализа на комутационите пренапони. Моделирање и пресметки. | ||||||||
| 12. Методи на учење: Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи. | ||||||||
| 13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 2 + 0 + 0 | |||||||
| 14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
| 15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
| 15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
| 16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
| 16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
| 16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
| 17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 20 | ||||||
| 17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
| 17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
| 17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
| 18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
| од 51 до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
| од 61 до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
| од 71 до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
| од 81 до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
| од 91 до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
| 19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на предавањата и вежбите. | |||||||
| 20. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
| 21. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
| 22. Литература | ||||||||
| 22.1. Задолжителна литература | ||||||||
| Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
| 1 | Р. Ачковски | Техника на висок напон 2 (интерна скрипта) | ФЕИТ, Скопје | 2007 | ||||
| 2 | Р. Миновски | Атмосферски преанапони | ЕТФ, Скопје | 2000 | ||||
| 3 | M. Savić, Z. Stojković | Tehnika visokog napona - atmosferski prenaponi | ETF, Beograd | 2001 | ||||
| 22.2. Дополнителна литература | ||||||||
| Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
| 1 | Р. Ачковски, А. Крколева | Збирка задачи од областа на технка на висок напон | ФЕИТ, Скопје | 2007 | ||||
| 2 | M. Padelin | Zaštita od groma | Školska knjiga, Zagreb | 1987 | ||||








