Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) НОВИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ НА ФЕИТ Проектирање на нисконапонски електроенергетски инсталации

Проектирање на нисконапонски електроенергетски инсталации

1.    Наслов на наставниот предмет

Проектирање на нисконапонски електроенергетски инсталации

2.    Код

3ФЕИТ09З020

3.    Студиска програма

ЕЕС

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

II/3

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Јовица Вулетиќ

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Основи на електротехника

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на основни познавања и примена на софтверски алатки за проектирање на нисконапонски електрични инсталации и осветление во станбени, деловни, индустриски и јавни објекти.

11.    Содржина на програмата: Означување на енергетски и инсталациски кабли. Системи на електрични инсталации. Елементи на електрични инсталации (осигурачи, автоматски инсталациски прекинувачи, струјна заштитна склопка, уред за заштита од електричен лак, мерач и контролер на изолација, уреди за заштита од пренапони). Заштита од електричен удар при нормални експлоатациски услови и при појава на грешка. Димензионирање на кабли. Заштита на објекти од атмосферско празнење. Изведба на нисконапонски електрични инсталации. Инсталации во згради, деловни и индустриски објекти. Инсталации во објекти со можност за појава на пожар и експлозија. Сигурносно и резервно напојување со електрична енергија. Софтверски алатки за проектирање на електрични инсталации, изработка на еднополни и трополни шеми. Изработка на проект за електрична инсталација.

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, користење на софтверски алатки, изработка на проектна  задача, семинарска работа.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

25

17.2. Семинарска работа/проект

15

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изработка на проектна задача и комплетирани лабораториски вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Властимир Гламочанин

Електрични инсталации и осветление

ФЕИТ

2010

2

 

Electrical Installation Guide

Schneider Electric

2016

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Barrie Rigby

Design of Electrical Services for Buildings, 4th Edition

Taylor & Francis Group

2005