Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) НОВИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ НА ФЕИТ Прекинувачки извори на напојување

Прекинувачки извори на напојување

1.    Наслов на наставниот предмет

Прекинувачки извори за напојување

2.    Код

3ФЕИТ05З031

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Љупчо Караџинов

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основните топологии на прекинувачки извори за напојување, нивните принципите на работа и параметри, проектни барања и постапки за нивно проектирање и испитување.  - Оспособување за користење, анализа на работата и проектирање на основните еднонасочни прекинувачки извори за напојување.

11.    Содржина на програмата: Вовед: чопер како еднонасочен енергетски преобразувач, управување на конверторите со импулсно ширинска модулација (PWM) , користени апроксимации во стационарен режим на работа. Конвертор снижувач на напон (buck), генеза, филтрирање на излезниот напон, работа во режими со континуирани и дисконтинуирани струи, граница меѓу режимите со континуирани и дисконтинуирани струи, брановитост на излезниот напон. Напонски и струјни стресови на прекинувачките елементи, влијание на реалните карактеристики на елементите и коефициент на полезно дејство. Анализа на останати конвертори без галванска изолација: конвертор повишувач на напон (boost), инвертирачки конвертор (buck-boost), Чук-ов конвертор, SEPIC и ZETA конвертори. Бидирекционални конвертори. Целомостен dc-dc конвертор: работа со униполарана и биполарна PWM. Магнетни кола. Конвертори со галванска изолација: Флајбек, Форвард, push-pull, мостен, полумостен и струјно напојуван конвертор. Управување: методи за напонско и струјно управување. Анализа на стабилноста на конверторите со метода на усреднување во просторот на состојби.

12.    Методи на учење: Следење предавања, поканети гости предавачи, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

90

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

40

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

40

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изведени и колоквирани лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимни анкети на студентите, самоевалуација, екстерна евалуација

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

N.Mohan, T.M. Underland, W.P. Robbins

Power Electronics: Converters, Applications and Design

John Wiley & Sons Inc

2003

2

Abraham I. Pressman

Switching Power Supply Design

McGraw-Hill

2004

3

Erickson, Maksimovic

Fundamentals of Power Electronics

Springer

2001

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Raymond S. Ramshaw and D. Schuurman

Pspice Simulation of Power Electronics Circuits: An Introductory Guide

Chapman & Hall

1997