Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) НОВИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ НА ФЕИТ Основи на вештачка интелигенција

Основи на вештачка интелигенција

1.    Наслов на наставниот предмет

Основи на вештачка интелигенција

2.    Код

3ФЕИТ01З014

3.    Студиска програма

КСИАР

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/5

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Елизабета Лазаревска

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основите на вештачката интелигенција; оспособување за самостојно решавање на практични инженерски задачи и проблеми од вештачката интелигенција.

11.    Содржина на програмата: 1. Вовед во вештачката интелигенција (ВИ). 2. Интелигентни агенти и нивната околина. 3. Решавање проблеми во ВИ: формулирање проблем во ВИ, мерка за успешност на решението на еден проблем во ВИ, поим за слепо и евристичко, неоптимално и оптимално пребарување, различни постапки за слепо пребарување, постапки за евристичко пребарување, проблеми со ограничувања - дефиниција, постапка, примери. 4. Игри во ВИ: поим за оптимално одлучување во игрите, поим за оптимални стратегии во игрите, функција за проценка на позициите во игрите, МИНИМАКС алгоритамот, игри со повеќе играчи, алфа-бета отсекување, игри на среќа. 5. Учење: облици на учење,  стебла на учење, статистички методи на учење, примена во играњето игри, примена во роботиката. 6. Невронски мрежи: структура на невронските мрежи, видови невронски мрежи и нивно обучување.

12.    Методи на учење: Предавања, презентации, домашни задачи, аудиториски и лабораториски вежби

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

45

16.3. Домашно учење

60

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

30

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

70

18.    Критериуми за оценување

до 49 бодови

5 (пет) (F)

од 50 до 59 бодови

6 (шест) (E)

од 60 до 69 бодови

7 (седум) (D)

од 70 до 79 бодови

8 (осум) (C)

од 80 до 89 бодови

9 (девет) (B)

од 90 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

успешно завршени лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Стјуарт Расел, Питер Норвиг

Вештачка интелигенција – Современ приод

 

2010

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Е. Лазаревска

Предавања по предметот основи на вештачката интелигенција

ФЕИТ - Скопје

2017