Основи на телекомуникации
1. Наслов на наставниот предмет |
Основи на телекомуникации |
|||||||
2. Код |
3ФЕИТ10Л026 |
|||||||
3. Студиска програма |
ТКИИ |
|||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии |
|||||||
5. Степен |
Прв циклус студии |
|||||||
6. Академска година/семестар |
II/4 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 |
|||||
8. Наставник |
Д-р Зоран Хаџи-Велков |
|||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
Положени: Математика 2 |
|||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции):Познавање на фундаменталните методи за пренос на телекомуникациски сигнали помеѓу предавател и приемник, како што се модулација, демодулација, земање примероци, квантизација, кодирање, и детекција на бинарни сигнали. Познавање на основните ограничувачки фактори при преносот низ телекомуникациски систем, како што е интерсимболна интерференција и термички шум. Определување на облик на сигнал и однос сигнал-шум во приемник. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Основен модел на телекомуникациски систем. Спектар на периодични и апериодични сигнали. Преносна функција и импулсен одѕив на линеарен систем. Линеарни амплитудни изобличувања и изобличувања поради рестрикција на спектарот. Амплитудна модулација. Синхрона демодулација и демодулација со детектор на анвелопа на АМ сигнали. Фазна и фреквентна модулација. Демодулација на аглово модулирани сигнали. Термички (бел Гаусов) шум. Модел на теснопојасен шум. Теорема за земање примероци. Импулсно амплитудна модулација (ИАМ). Природно и регуларно земање на примероци. Рамномерна квантизација. Средна квадратна грешка на квантизација. Нерамномерна квантизација. Импусно кодна модулација (ИКМ). Пренос на ИКМ сигнали во основен опсег. Појава на интерсимболна интерференција. Критериум за пренос без изобличување. Приемник на ИКМ сигнал. Бинарна амплитудна, фреквентна и фазна модулација. Кохерентна детекција на бинарно модулирани сигнали. Некохерентна детекција на бинарно модулирани сигнали. |
||||||||
12. Методи на учење: Интерактивни предавања и вежби, самостојни и групни проекти, домашни задачи, работилници и семинари |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 1 + 1 + 0 |
|||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 |
|||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
10 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
15 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
80 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
10 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
10 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
10 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
70 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
|
|||||||
20. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски |
|||||||
21. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети |
|||||||
22. Литература |
||||||||
22.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Б. П. Латхи |
Современи дигитални и аналогни комуникациски системи |
Oxford University Press |
2009 |