Основи на електротехника
| 1. Наслов на наставниот предмет | Основи на електротехника | |||||||
| 2. Код | 3ФЕИТ06З005 | |||||||
| 3. Студиска програма | ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ | |||||||
| 4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
| 5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
| 6. Академска година/семестар | I/1 | 7. Број на ЕКТС | 7.00 | |||||
| 8. Наставник | Д-р Весна Арнаутовски-Тошева, Д-р Леонид Грчев, Д-р Марија Кацарска | |||||||
| 9. Предуслов за запишување на предметот | 
 | |||||||
| 10. Цели на предметната програма (компетенции): Курсот има за цел да ги запознае студентите со основните поими и појави од електростатиката и електромагнетизмот, со основните закони и теореми во теоријата на електрични кола и со некои методи за анализа на електрични мрежи со временски константни струи и напони. По завршувањето на курсот студентот ќе е оспособен за користење на основните законитости во електротехниката при решавање на конкретни проблеми во инженерството. | ||||||||
| 11. Содржина на програмата Електрично поле: Гаусов закон. Работа на сили на електрично поле. Потенцијал на електрично поле и електричен напон. Електростатичка индукција. Капацитивност и кондензатор. Енергија во електрично поле. Диелектрици во електрично поле. Поларизација. Воопштен Гаусов закон. Гранични услови. Стационарна електрична струја. Електрична отпорност. Стационарно магнетно поле. Магнетен флукс. Амперов и Фарадеев закон. Примери на електромагнетна индукција. Индуктивност (сопствена и меѓусебна) и индуктор. Енергија во магнетно поле. Основни поими за електрични кола. Елементи на електричните кола, основни тополошки поими и матрици. Омов закон. Џулов закон. Kирхофови закони. Методи и теореми за решавање на електрични кола со временски константни струи и напони (равенки на колото во матрична форма). | ||||||||
| 12. Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, домашни задачи, аудиториски вежби. | ||||||||
| 13. Вкупен расположив фонд на часови | 4 + 3 + 0 + 0 | |||||||
| 14. Распределба на расположивото време | 210 | |||||||
| 15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 60 | ||||||
| 15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
| 16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
| 16.2. Самостојни задачи | 35 | |||||||
| 16.3. Домашно учење | 70 | |||||||
| 17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 10 | ||||||
| 17.2. Семинарска работа/проект | 0 | |||||||
| 17.3. Активност и учење | 20 | |||||||
| 17.4. Завршен испит | 70 | |||||||
| 18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
| од 51 до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
| од 61 до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
| од 71 до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
| од 81 до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
| од 91 до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
| 19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Посетеност на наставата и навремено изработени лабораториски вежби. | |||||||
| 20. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
| 21. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
| 22. Литература | ||||||||
| 22.1. Задолжителна литература | ||||||||
| Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
| 1 | Проф. д-р Леонид Грчев | Предавања од основи на електротехника 1 | ФЕИТ | 2015 | ||||
| 2 | Проф. д-р Леонид Грчев | Предавања од основи на електротехника 2 | ФЕИТ | 2015 | ||||
| 22.2. Дополнителна литература | ||||||||
| Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
| 1 | Ч.К. Александер и М.Н.О. Садику | Основи на електрични кола | ДАТАПОНС Дооел Скопје | 2012 | ||||








