Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) НОВИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ НА ФЕИТ Оптимални управувачи и обсервери

Оптимални управувачи и обсервери

1.    Наслов на наставниот предмет

Оптимални управувачи и обсервери

2.    Код

3ФЕИТ01Л013

3.    Студиска програма

КСИАР

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Весна Ојлеска Латкоска

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Една од главните цели е студентите да се запознаат со дизајнирачките методи користејќи ги модерните техники на управување. Целта на овој предмет, исто така, е основните резултати од теоријата на оптимално управување и оптимална естимација да ги направи достапни на широк сегмент од технолошкото и научното општество. Со тоа студентот станува компетентен за решавање проблеми поврзани со управување на процеси и системи од секаков вид, бидејќи естимацијата е обично прв чекор во имплементирање на управувачки влез, т.е., неопходно е да се изведе процесното поведение пред да може да се примени ефективното управување.

11.    Содржина на програмата: Вовед во анализа на линеарни системи на управување: формулирање на управувачки проблеми; Модерната наспроти класичната теорија на управување; Линеарни управувачки системи со повратна врска по состојби; Дизајн на управувачки закон при повратна врска по комплетен состојбен вектор; Услови за селекција на полови локации за добар дизајн; Oсновни проблеми на оптималното управување; Математички основи за решавање на проблемите на оптимално управување; Проблем на детерминистички линеарен оптимален регулатор и негово решение; Проблем на оптимален линеарен сервомеханизам и негово решение; Регулатори и серво системи со ненулева точка на нагодување и константни пречки; Оптимална линеарна реконструкција на состојби; Обсервери од полн ред и редуциран ред; Оптимален обсервер; Дуалност на оптимален обсервер и оптимален регулатор; Линеарни оптимални системи на управување со повратна врска по излез; Линеарни оптимални системи на управување со повратна врска по излез, од редуциран ред.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи и аудиториски вежби, како и практични вежби во лабораторија.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

10

16.2. Самостојни задачи

10

16.3. Домашно учење

85

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

5

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

5

17.4. Завршен испит

80

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби, како и успешно и навремено изработени лабораториски вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Huibert Kwakernaak, Raphael Sivan

Linear optimal control systems

Wiley Interscience

1972

2

Donald E. Kirk

Optimal Control Theory: An Introduction

Dover Publications

2004

3

Arthur E. Bryson

Applied Linear Optimal Control: Examples and Algorithms

Cambridge University Press

2002

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

P.N. Paraskevopoulos

Modern Control Engineering (Automation and Control Engineering)

CRC Press

2001

2

Robert F. Stengel

Optimal Control and Estimation

Dover Publications

1994

3

Daniel Liberzon

Calculus of Variations and Optimal Control Theory: A Concise Introduction

Princeton University Press

2012