Лични алати
Пријави се

Операциони истражувања

1.    Наслов на наставниот предмет

Операциони истражувања

2.    Код

3ФЕИТ01Л012

3.    Студиска програма

КСИАР, КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Горан Стојановски

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање на студентите со целите и методите на операциони истражувања и подрачјата на нивната примена. Решавање проблеми поврзани со масовно опслужување, оптимизирање на зададени функции на цел (линеарна, квадратна ковексна и нелинеарна), вршење анализа на проект; менаџмент на економски, финансиски, индустриски и други слични организации, управување и менаџмент во војска и влада. Запознавање со концептите на математичко програмирање.

11.    Содржина на програмата: Oперационите истражувања; класификација, составување и решавање на математичките модели; симулација и валидирање на моделот. Мрежно планирање и управување со процеси. Примена и анализа на структурата и времето по методата на критичен пат; анализа според PERT (Project Evaluation and Review Technique). Методи на линеарно програмирање и статичка оптимизација, симплекс метода, дуална задача на линеарното програмирање, транспортни проблеми, целобројно програмирање, геометриска и матрична интерпретација на моделите. Теорија на игри, минимакс критериум и седлеста точка. Динамичко програмирање, модели на оптимизација на залихи при константна и случајна побарувачка; Монте Карло метода за симулација на стохастички процеси; основи на нелинеарната оптимизација. и нелинеарно програмирање.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

45

16.3. Домашно учење

30

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

0

17.2. Семинарска работа/проект

40

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

60

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Уредно изработени лабораториски вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Taha Xamdy A.

Operations research: An introduction

Prentice Hall

2007

2

Stephen Boyd, Lieven Vandenberghe

Convex Optimization

Cambridge Univ Press

2004