Мултимедиски системи
1. Наслов на наставниот предмет |
Мултимедиски системи |
|||||||
2. Код |
3ФЕИТ05Л028 |
|||||||
3. Студиска програма |
КХИЕ |
|||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии |
|||||||
5. Степен |
Прв циклус студии |
|||||||
6. Академска година/семестар |
IV/8 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 |
|||||
8. Наставник |
Д-р Бранислав Геразов, Д-р Зоран Ивановски, Д-р Томислав Карталов |
|||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
Ислушани: Дигитално процесирање на сигнали |
|||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основните пронципи на работа и технологиите на кои се засновани мултимедиските системи; Стекнување со основни знаења за барањата поставени пред современите мултимедиски системи и проблемите поврзани со нивното имплементирање; Оспособување за согледување на проблемите во дизајнирањето на мултимедијални системи и да се стекнат со способност за надополнување на своите знаења во правец на совладување на согледаните проблеми. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Воведни поими од мултимедиски системи, историски развој. Основни поими од компјутерска графика. Основни поими од дигитална обработка на звук: компресија на звук. Основни поими од дигитална обработка на говор: синтеза на говор, анализа на говор. Основни поими од обработка на слика и видео: анализа и сегментација на слика, кодирање на слика и видео. Тек на мултимедијални податоци (мултимедијални сервери, синхронизација), Квалитет на услуга (QoS за IP протоколи), Media-on-Demand (емитување на video-on-demand, интерактивна телевизија). Пребарување по содржина во дигитални библиотеки: Пребарување на мултимедијални податоци: звук, говор, музика, графика, слика и видео. Принципи на бази на слики и видео-бази (пребарување на слики и видео, квантификација на резултатите), MPEG-7. Напредни мултимедијални техники: Алгоритми за препознавање на звук, говор, слики, видео, контекст и дејствија. |
||||||||
12. Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час,проектни задачи. |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 1 + 1 + 0 |
|||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 |
|||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
30 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
15 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
60 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
20 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
30 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
10 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
40 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Изработени лабораториски вежби |
|||||||
20. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски |
|||||||
21. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Самоевалуација, анкети, разговори со студентите. |
|||||||
22. Литература |
||||||||
22.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Ralf Steinmetz, Кlara Nahrstedt |
MULTIMEDIA SYSTEMS |
Springer-Verlag |
2004 |
||||
2 |
Ralf Steinmetz, Кlara Nahrstedt |
MULTIMEDIA APPLICATIONS |
Springer-Verlag |
2004 |