Лични алати
Пријави се

Мрежи толерантни на доцнење

1.    Наслов на наставниот предмет

Мрежи толерантни на доцнење

2.    Код

3ФЕИТ10З022

3.    Студиска програма

ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Томислав Шуминоски

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Разбирање на проблемите поврзани со омрежување во услови на големи доцнења или прекини при транспорт на податоците. Анализа на релевантните протоколи и можните апликации на омрежувањето толерантно на доцнење (сензорски мрежи, вселенски комуникации, мобилни ad-hoc мрежи). Планирање и димензионирање на мрежи базирани на технологијата за омрежување толерантно на доцнење. Развој на симулациски модели.

11.    Содржина на програмата: Поим за Delay-Tolerant Networking (DTN). Омрежување во "стресни" и високо хетерогени средини. Комуникација со асинхроно испраќање пораки. Комбинирање на зачувај-и-препрати комутирање на пораки со физички пренос на податоци.  Контрола на пристап до медиумот за пренос толерантен на доцнење. Механизми за квалитет на пренос; контрола на тек. Моделирање на телекомуникациски сообраќај; моделирање на редови на чекање и мрежа од редови на чекање толерантни на доцнење. Протоколен стек за DTN. Детерминистички и пробабилистички рутирачки протоколи. Безбедносни аспекти. Апликациски побарувања од DTN. Конкретни имплементации на DTN во меѓупланетарни комуникации, подводни комуникации, сензорски мрежи, мобилни ad-hoc мрежи со минимален број на јазли итн.

12.    Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

10

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

80

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

5

17.4. Завршен испит

80

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и комплетно изработени лабораториски вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Самоевалуација.

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

A. V. Vasilakos, Y. Zhang, T. Spyropoulos

Delay Tolerant Networks: Protocols and Applications

CRC Press

2011

2

A. Galati

Delay Tolerant Network

LAP LAMBERT

2010