Лични алати
Пријави се

Компјутерски мрежи

1.    Наслов на наставниот предмет

Компјутерски мрежи

2.    Код

3ФЕИТ07Л014

3.    Студиска програма

КТИ, КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/6

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Аристотел Тентов

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Компјутерски комуникациски технологии

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основните концепти на компјутерските мрежи, сите мрежни слоеви, од комјутер до компјутер, запознавање со протоколи на соодветни мрежни нивоа. По завршување на курсот студентите ќе бидат оспособени за работа во мрежна околина и ќе ги познаваат основните концепти на компјутерските мрежи.

11.    Содржина на програмата: ВОВЕД  во компјутерски мрежи. Интернет. Пристапни мрежи. Физички медиуми. Мрежи со комутација на пакети. Мрежи со комутација на кола. Компоненти на доцнење. Пропусност.  Историја на развој на компјутерски мрежи.  Примена на TCP/IP слоевит модел во компјутерските мрежи. Апликациско ниво. Архитектура на мрежни апликации. Протоколи. Запознавање со Веб, HTTP и FTP. Email: запознавање со SMTP, POP3 и IMAP протоколи. DNS и негова примена. Точка-точка апликации. Запознавање со BitTorrent. Транспортно ниво. Сервиси на транспортно ниво. Мултиплексирање и демултипексирање.  Безконекциски пренос на податоци. Ненадежен протокол за пренос на податоци Протокол UDP и примена. Механизми за надежен пренос на податоци. Go-back-N. Selective Repeat. Конекциско-ориентиран пренос на податоци. Протокол TCP. Контрола на тек. Варијанти на TCP. Мрежно ниво. Препраќање и рутирање. IP протокол: IPv4 и IPv6. ICMP протокол. Рутирање во Интернет. Рутирачки алгоритми - преглед.

12.    Методи на учење: Лабораториски вежби, практична работа и настава

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

15

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

60

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

80

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ендрју С. Таненбаум

Компјутерски мрежи (4 издание??)

превод влада

2010

2

James Kurose, Keith Ross

Computer Networking: A Top-Down Approach, 7th Ed.

Pearson

2016

3

Larry L. Peterson, Bruce S. Davie

Computer Networks: A Systems Approach, , 5th Ed.

Morgan Kaufmann

2011

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Douglas E. Comer

Computer Networks and Internets, 6th Ed.

Pearson

2014