Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) НОВИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ НА ФЕИТ Компјутерски комуникациски технологии

Компјутерски комуникациски технологии

1.    Наслов на наставниот предмет

Компјутерски комуникациски технологии

2.    Код

3ФЕИТ07З013

3.    Студиска програма

КТИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/5

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Аристотел Тентов

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основните медиуми и начини на пренос кај компјутерските мрежи, основи на мрежниот хардвер за пренос на сигнали и видови компјутерски мрежи. По завршувањето на курсот студентите ќе бидат оспособени за разбирање и работа со основни мрежни медиуми и компоненти.

11.    Содржина на програмата: ВОВЕД  во компјутерски мрежи. Примена на компјутерски мрежи. Мрежен хардвер. PAN, LAN, MAN и WAN мрежи. Мрежен софтвер. Хиерархија на протоколи. Слоевитост. Сервиси. Протоколи. Референтни модели : ISO/OSI и TCP/IP. Пример на мрежи. Интернет. Мобилни мрежи. Безжични мрежи. RFID и сензорски мрежи.   Стандардизација на мрежи. Метрички единици. Теоретски основи на комуникација на податоци. Фуриева анализа. Сигнали граничени со пропусен опсег. Максимална податочна рата на канал. Насочени медиуми за пренос на податоци: магнетен медиум, вплетена парица, коаксиален кабел ,оптички кабел.  Безжичен пренос: електромагнетен спектар. Радио-пренос. Микробранов пренос. Инфрацрвени и милиметарски бранови. Светлосен пренос. Комуникациски сателити. Геостационарни сателити. Орбитни сателити на средна и мала висина. Дигитална модулација и мултиплексирање.  Јавни телефонски мрежи: Структура на телефонски системи. Мобилен телефонски систем: сите генерации. Кабелска телевизија

12.    Методи на учење:Лабораториски вежби, практична работа и настава

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

15

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

60

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

70

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ендрју С. Таненбаум

Компјутерски мрежи

превод влада

2010

2

Вилијам Сталингс

Податочни и компјутерски комуникации

превод влада

2013

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

J. Walrand,  P. P. Varaiya

High-performance communication networks

Morgan Kaufmann

2000