Лични алати
Пријави се

Инженерска механика

1.    Наслов на наставниот предмет

Инженерска механика

2.    Код

3ФЕИТ08З006

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

II/3

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Маргарита Гиновска

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Физика 1

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Користење на основните закони на механиката (статика, јакост на материјалите и механика на флуиди) при моделирање и решавање на конкретни инженерски  проблеми во  електротехниката.

11.    Содржина на програмата: Вовед во инженерска механика. Примена во инженерски проблеми од областа на електротехниката. Статика. Услови за рамнотежна состојба. Дијаграм на слободно тело, носечки потпори, рамнински носачи. Статички пресметки на вериги (кабли) со концентриран товар и со преносен товар. Статички проблеми – примери .  Вовед во јакост на материјалите. Видови напрегања и деформации. Димензионирање. Примери за деформации и напрегања кај фотоволтаични модули.  Деформации и напрегања при смолкнување, свиткување и торзија. Природни вериги, кабли, синџирници. Механички пресметки кај надземни кабелски водови. Вовед во механика на флуиди. Хидростатски притисок на површина. Примена кај брани во хидроенертски објекти. Динамика на флуиди. Стационарно и нестационарно струење на флуиди.  Бернулиева равенка.  Струење на флуид во рамномерно вртливи канали. Загуби на енергија при движење на флуидот. Применa - динамика на флуиди кај затворени и отворени канали, цевководи, хидротурбини , ветерни турбини и др.

12.    Методи на учење: Предавања, презентации, аудиториски вежби, проектни задачи

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

0

17.2. Семинарска работа/проект

25

17.3. Активност и учење

5

17.4. Завршен испит

70

18.    Критериуми за оценување

до 49 бодови

5 (пет) (F)

од 50 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

М. Гиновска

Интерна скрипта

ФЕИТ, УКИМ

2013

2

М. Гиновска, Л. Стојановска-Георгиевска

Збирка задачи по предметот Инженерска механика

ФЕИТ, УКИМ

2015

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Russell C. Hibbeler

Engineering Mechanics-Statics

Pearson Education (Prentice Hall)

2012

2

Russell C. Hibbeler

Mechanics of Materials

Pearson Education (Prentice Hall)

2014