Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) НОВИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ НА ФЕИТ Електромеханичко претворање на енергијата

Електромеханичко претворање на енергијата

1.    Наслов на наставниот предмет

Електромеханичко претворање на енергијата

2.    Код

3ФЕИТ02Л010

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

II/4

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Влатко Стоилков

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со принципите за електро-магнето-механичкото претворање на енергијата. Оспособеност за согледување и анализа на појавите при електромеханичко преобразување на енергијата. Способност за пресметка на значајни електромеханички параметри во електроенергетски уреди.

11.    Содржина на програмата: Магнетни кола и магнетни материјали за вртливи и стационарни електроенергетски уреди. Oсновни закони и принципи за електромеханичко претворање на енергијата. Електро-магнето-механичка интеракција. Системи со една и повеќе возбудни намотки. Аналогија помеѓу магнетно и електрично коло на електричните машини. Вовед во трансформатори. Сили и моменти во системи со магнетни полиња. Енергија во единечно возбудени и системи со повеќе возбудни намотки. Енергија и коенергија. Вовед во машините за еднонасочна и наизменична струја. Видови намотки. Начини за изведување на различните видови намотки. Магнетен напон и вртливо магнетно поле. Електромагнетен момент и индуциран напон во електричните машини. Елементарни машини за еднонасочна и наизменична струја.

12.    Методи на учење: Интерактивни предавања, аудиториски вежби, консултации, самостојни и групни проекти, домашни задачи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

20

16.2. Самостојни задачи

10

16.3. Домашно учење

75

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

5

17.3. Активност и учење

5

17.4. Завршен испит

80

18.    Критериуми за оценување

до 49 бодови

5 (пет) (F)

од 50 до 59 бодови

6 (шест) (E)

од 60 до 69 бодови

7 (седум) (D)

од 70 до 79 бодови

8 (осум) (C)

од 80 до 89 бодови

9 (девет) (B)

од 90 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно следење настава и вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

 

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

А.Е..Фицџералд и др.

Електрични машини - шесто издание

Датапонс Скопје

2003

2

David Brown

Electromechanical Energy Conversion

Macmillan Pub Co

2004

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Jerome Meisel

Principles of Electromechanical Energy Conversion

Krieger Pub Co

1998

2

Stephen J. Chapman

Electric Machinery Fundamentals

McGraw-Hill Science /Engineering/Math; 5 ed.

2011