Електромагнетика
1. Наслов на наставниот предмет |
Електромагнетика |
|||||||
2. Код |
3ФЕИТ05Л015 |
|||||||
3. Студиска програма |
ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КХИЕ |
|||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии |
|||||||
5. Степен |
Прв циклус студии |
|||||||
6. Академска година/семестар |
II/4 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 |
|||||
8. Наставник |
Д-р Лидија Ололоска-Гагоска |
|||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
Ислушани: Математика 1 |
|||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основните поими за електричното, стационарно струјно, стационарно и квазистационарно магнетно поле, законите кои важат за нив, начини за поврзување со концептот на електрично коло како форма за претставување на феномените. Запознавање со општите равенки на електромагнетно поле - Оспособеност за дефинирање на основните проблеми сврзани со пресметка на електрично и магнетно поле, и анализа на истото, користење на методи за пресметки, анализирање на добиените резултати и носење соодветни заклучоци |
||||||||
11. Содржина на програмата: Eлектростатичко поле во вакуум и диелектрик, интегрален и диференцијален облик на Гаусов закон. Електричен скалар потенцијал, капацитивност и парцијални капацитивности на систем од тела. Гранични услови во електростатичко поле и методи на огледување. методи за анализа и компјутерска симулација на електростатичко поле. Стационарно струјно поле, електрична отпорност, отпорност на заземјувач, сложени заземјувачи. Стационарно магнетно поле во вакуум, интегрален и диференцијален облик на Амперов закон, магнетен вектор потенцијал. Стационарно магнетно поле во материја. Гранични услови во магнетно поле и методи на огледување. Магнетно коло, методи за решавање и компјутерска симулација на магнетно поле. Фарадеев закон и коефициенти на електромагнетна индукција, енергија и сила во магнетно поле. Општ облик на Максвелови равенки на електромагнетно поле во неподвижни средини. Елементи од електромагнетните бранови и зрачење. |
||||||||
12. Методи на учење: Активно следење на наставата и вежбите, изработка на домашни задачи, симулациски вежби. |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 2 + 0 + 0 |
|||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 |
|||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
0 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
30 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
75 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
0 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
0 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
25 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
75 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 49 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 50 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
навремено предавање на домашни задачи |
|||||||
20. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски |
|||||||
21. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Самоевалуација и анкети |
|||||||
22. Литература |
||||||||
22.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Љ. Јанев |
Електромагнетика 1 |
ЕТФ Скопје |
1996 |
||||
2 |
Ј. Сурутка |
Електромагнетика |
Академска мисао, Београд |
2006 |
||||
22.2. Дополнителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Matthew N. O. Sadiku |
Elements of Electromagnetics |
Saunders College Publishing |
1994 |