Лични алати
Пријави се

Електроакустика

1.    Наслов на наставниот предмет

Електроакустика

2.    Код

3ФЕИТ05З014

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/5

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Бранислав Геразов, Д-р Томислав Карталов

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање и владеење со теоретските основи за формирање, зрачење и простирање на звучните бранови во отворен и затворен простор. Разбирање на физиолошките механизми за перцепција на звукот. Оспособеност за моделирањето на сложени акустички системи, проектирање и изведба на системи за озвучување, проектирање на акустичка обработка и заштита од бучава.

11.    Содржина на програмата: Формирање и простирање на звучни бранови. Физички карактеристики на звукот. Зрачење на звучни бранови. Електроакустички и електромеханички аналогии. Физиолошка и психолошка акустика. Звучни бранови во затворен простор. Анализа на акустиката на простории, проектирање на акустичка обработка. Изолација од бучава. Говор и музика. Музичка акустика. Електроакустички преобразувачи. Микрофони. Основи на тонското снимање. Звучници. Системи за озвучување на отворен и затворен простор. Електроакустички системи за презервација и едитирање на аудио. Ултразвук и неговата употреба. Аероакустика. Подводна акустика.

12.    Методи на учење: Предавања со поканети гости предавачи, аудиториски и практични вежби, проектни задачи, самостојно учење.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

0

16.3. Домашно учење

75

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

60

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Хуснија Куртовиќ

Основи техничке акустике

Научна Књига Белград

1992

2

Leo L. Beranek, Tim Mellow

Acoustics: Sound Fields and Transducers

Elsevier Inc.

2012

3

F. Alton Everest, Ken Pohlmann

Master Handbook of Acoustics

McGraw-Hill

2009

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

William J. Cavanaugh, Gregory C. Tocci, Joseph A. Wilkes

Architectural Acoustics: Principles and Practice

John Wiley & Sons, Inc.

2010