Електрични машини и трансформатори
1. Наслов на наставниот предмет |
Електрични машини и трансформатори |
|||||||
2. Код |
3ФЕИТ02Л007 |
|||||||
3. Студиска програма |
ЕЕС, ЕЕУМ |
|||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии |
|||||||
5. Степен |
Прв циклус студии |
|||||||
6. Академска година/семестар |
II/4 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 |
|||||
8. Наставник |
Д-р Крсте Најденкоски |
|||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
|
|||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Стекнати знаења за принципите на работа и функционирањето на електричните машини и трансформатори. Оспособеност за избор на мотори, генератори и трансформатори, според нивното место во електроенергетскиот систем, како и способност за анализа на нивните карактеристики. Познавање на методите за испитување на електрични мотори, генератори и трансформатори. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед во електромеханичко преобразување на енергијата. Материјали за изработка на електричните машини и трансформатори. Загуби на моќност и коефициент на полезно дејство. Загревање и ладење. Животен век. Основни електромагнетни појави во машините. Израз за индуциран напон. Електромагнетен вртлив момент. Магнетни напони и магнетно поле во машините. Машини за еднонасочна струја. Режим на мотор и генератор. Карактеристики на машините на еднонасочна струја со различен начин на возбудување Биланс на моќност и енергетски дијаграм. Машини за наизменична струја. Асинхрони и синхрони генератори и мотори. Конструктивни карактеристики. Фазорски дијаграми и синхрони реактанси. Услови за приклучување во паралелна работа. Трансформатори. Видови на трансформатори. Конструкција – магнетен и електричен систем. Дефиниција на преносен однос. Математички модел на трансформатор. Празен од, оптоварување и куса врска. Трифазни трансформатори. Шеми и групи на соединување. Тронамотни трансформатори. |
||||||||
12. Методи на учење: Интерактивни предавања, аудиториски и лабораториски вежби. |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 1 + 1 + 0 |
|||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 |
|||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
0 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
0 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
105 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
0 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
0 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
0 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
100 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Комплетно реализирани активности 15.1 и 15.2. |
|||||||
20. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски |
|||||||
21. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и студентски анкети. |
|||||||
22. Литература |
||||||||
22.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
А.Е.Фитџералд. Чарлс Кингсли |
Електрични машини |
McGraw-Hill |
2002 |
||||
2 |
B. S. Guru, H. R. Hiziroglu |
Електрични машини и трансформатори |
Oxford University Press |
2000 |
||||
22.2. Дополнителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
James H. Harlow |
Енергетски трансформатори |
CRC Press |
2003 |
||||
2 |
R.Ramshaw |
Конверзија на енергија: електрични мотори и генератори |
The Oxford Series in Electrical and Computer Engineering |
1995 |