Физика на компјутерски игри
1. Наслов на наставниот предмет |
Физика на компјутерски игри |
|||||||
2. Код |
3ФЕИТ08Л018 |
|||||||
3. Студиска програма |
КТИ |
|||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии |
|||||||
5. Степен |
Прв циклус студии |
|||||||
6. Академска година/семестар |
III/6 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 |
|||||
8. Наставник |
Д-р Лихнида Стојановска-Георгиевска |
|||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
Положени: Физика 1 |
|||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Применливо познавање на основните физички и математички концепти и нивна примена во компјутерските игри заради поттикнување на нови идеи за збогатување на содржините на игрите базирани на физичката реалност. Во рамките на предметот ќе се користи соодветен физички софтвер, за да им овозможи на студентите развој на едноставни 2D и 3D игри. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Компјутерски игри – дефиниција, историски развој, класификација, денешен статус и факти за игрите, ликови и фази на развој на компјутерските игри. Основни физички концепти за развој на компјутерски игри –кинематика во 2Д и 3Д, кинематика на цврсто тело, динамика, динамика на ротационо движење, деформирање на објекти (еластичност, напрегање, компресибилност). Физички софтвери за развој на игри - Вовед во софтверот UNITY 3D (основни карактеристики на софтверот, можности и изглед на интерфејсот), примери од динамика – судири, видови на судири, детекција на судир, модел на објект и поделба на просторот, методи за решавање на судирот. Физичко моделирање – моделирање на авионски лет, пловење на брод, движење на автомобил, исфрлање на проектили и спортски топки. Елементи од дигитална физика – екрани на допир, 3Д дисплеи, звучни ефекти, осветлување и светлински ефекти, примена на акцелерометри, игри во реално време, геокеширање |
||||||||
12. Методи на учење: Предавања, презентации, аудиториски и лабораториски вежби |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
2 + 2 + 1 + 0 |
|||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 |
|||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
30 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
45 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
45 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
30 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
30 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
50 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
15 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
10 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
25 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 49 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 50 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Изработени лабораториски вежби |
|||||||
20. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски |
|||||||
21. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети |
|||||||
22. Литература |
||||||||
22.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
D. M. Bourg |
Physics for Game Developers |
O’Reilly Associates |
2002 |
||||
2 |
D. H. Eberly |
Game Physics, 2nd Edition |
Elsevier |
2010 |
||||
22.2. Дополнителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
G. Palmer |
Physics for Game Programmers |
Apress |
2005 |