Дигитални телекомуникации 1
| 1. Наслов на наставниот предмет | Дигитални телекомуникации 1 | |||||||
| 2. Код | 3ФЕИТ10З011 | |||||||
| 3. Студиска програма | КХИЕ, ТКИИ | |||||||
| 4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
| 5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
| 6. Академска година/семестар | III/5, IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6.00 | |||||
| 8. Наставник | Д-р Венцеслав Кафеџиски | |||||||
| 9. Предуслов за запишување на предметот | 
 | |||||||
| 10. Цели на предметната програма (компетенции): Студентот ќе се стекне со фундаментални знаења од областа на дигиталните телекомуникации, и тоа на различни техники на претворање на аналогни сигнали во дигитални сигнали, различни типови на дигитални модулации, функционирање на оптимален приемник и оптимален детектор на дигитални сигнали и веројатност на грешка при детекција, и пренос на дигиталните сигнали низ системи со ограничен опсег заедно со техниките на еквализација. Добиените знаења претставуваат основа за разбирање на современите дигитални системи за пренос на сигналите, како и основа за следење на повеќе други наставни предмети со поспецифична проблематика. | ||||||||
| 11. Содржина на програмата: Теорема на земање на примероци. Импулсно кодна модулација. Униформна квантизација. Оптимална скаларна квантизација. Неуниформна квантизација. Векторска квантизација. Диференцијална импулсно кодна модулација. Делта модулација. Линеарно предиктивно кодирање и примена кај кодирање на говор. JPEG кодирање на слика. Претстава на дигитални сигнали во сигнален простор: eднодимензионални, дводимензионални и повеќедимензионални сигнали. Оптимален приемник за дигитално модулирани сигнали во присуство на бел гаусов шум. Оптимален детектор. Веројатност на грешка за детекција во присуство на бел гаусов шум: PAM, QAM, PSK, ортогонални сигнали. Сигнали со експандиран спектар. Пренос на дигитални сигнали низ канали со ограничен опсег. Дизајн на сигнали за канали со ограничен опсег. Еквализација. Линеарни еквализатори. OFDM. | ||||||||
| 12. Методи на учење: Преку предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, домашно учење, домашни задачи. | ||||||||
| 13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
| 14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
| 15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
| 15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
| 16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
| 16.2. Самостојни задачи | 10 | |||||||
| 16.3. Домашно учење | 95 | |||||||
| 17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 15 | ||||||
| 17.2. Семинарска работа/проект | 0 | |||||||
| 17.3. Активност и учење | 5 | |||||||
| 17.4. Завршен испит | 80 | |||||||
| 18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
| од 51 до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
| од 61 до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
| од 71 до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
| од 81 до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
| од 91 до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
| 19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби. | |||||||
| 20. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
| 21. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
| 22. Литература | ||||||||
| 22.1. Задолжителна литература | ||||||||
| Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
| 1 | Венцеслав Кафеџиски | Дигитални телекомуникации 1 | Интерна скрипта ФЕИТ | 2016 | ||||
| 22.2. Дополнителна литература | ||||||||
| Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
| 1 | Џон Г. Проакис и Масуд Салехи | Инженерство на телекомуникациски системи, 2 издание | Прентис Хол | 2002 | ||||
| 2 | Џон Г. Проакис и Масуд Салехи | Дигитални телекомуникации, 5 издание | МекГро Хил | 2008 | ||||








