Лични алати
Пријави се

Безжични комуникации

1.    Наслов на наставниот предмет

Безжични комуникации

2.    Код

3ФЕИТ10Л006

3.    Студиска програма

ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/6

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Венцеслав Кафеџиски

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Безжични канали, Дигитални телекомуникации 1

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Студентот ќе се стекне со фундаментални познавања на фединг канали, модулација и кодирање при рамен фединг, сигнали со проширен опсег и OFDM, интелигентни антени и MIMO системи и ќе се оспособи за разбирање на принципите на функционирањето на било кој постоен или иден безжичен телекомуникациски систем.

11.    Содржина на програмата: Поделба на large-scale и small-scale фединг. Слабеење од простирање во слободен простор. Емпириски модели. Засенување. Статистичка карактеризација на временски променливи канали. Рејлиев и Рајсов фединг. Детекција во услови на бавен, рамен фединг. Веројатност на испад. Типови на диверзитет и техники на комбинирање. Заштитно кодирање кај фединг канали: интерливинг и веројатност на грешка. Адаптивен пренос кај фединг канали: адаптивна предавателна моќност, адаптивна модулација, адаптивно кодирање. Клеточни системи. Сигнали со експандиран спектар со директна секвенца и фреквенциско скокање. Повеќекориснички системи со експандиран опсег. Модулација со повеќе носители. OFDM. Алокација на бити и естимација на канал. OFDMA и SC-FDMA. Антенски полиња и интелигентни антени. Типови на антенски полиња. МИМО системи - модел на канал и капацитет. Просторно временско кодирање и просторно мултиплексирање. Повеќекориснички МИМО и масивни МИМО.

12.    Методи на учење: Преку предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, домашно учење, проектни задачи, самостојни задачи, посета на компании и предавања од експерти од стопанството.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

10

16.2. Самостојни задачи

10

16.3. Домашно учење

85

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

70

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата, аудиториските и лабораториските вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Венцеслав Кафеџиски

Безжични комуникации

Интерна скрипта ФЕИТ

2016

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Андреа Голдсмит

Безжични комуникации

Кембриџ Универзити Прес

2005

2

Андреас Ф. Молиш

Безжични комуникации, 2 издание

Вајли

2010