Повик за изразување интерес од страна на домаќинства кои би учествувале во пилот проект во рамки на проектот PV-ESTIA
Факултетот за електротехника и информациски технологии во рамки на својата научно-истражувачка дејност учествува во проектот “Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици (PV – ESTIA)”, кој е кофинансиран од програмата за меѓугранична соработка Interreg V-B „Balkan-Mediterranean 2014 - 2020“ и од национални фондови (www.pv-estia.eu).
Во рамките на проектот е предвиден пилот проект во кој ќе се спроведе мерење на потрошувачката на електрична енергија во 20 домаќинства. За таа цел, до крајот на септември 2018 година во секое од одбраните домаќинства ќе се инсталира мерен уред со кој ќе се врши мерење на потрошувачката на електрична енергија во текот на 3 години. За тој период, домаќинството ќе има можност во реално време да ја следи својата потрошувачка на безжичен монитор во домот или пак преку Интернет апликација (од компјутер, таблет, паметен телефон). Мерните податоци стекнати на овој начин ќе се во сопственост на проектот и ќе се користат за формирање на јасна претстава на навиките за потрошувачка на електрична енергија на домаќинствата преку анализа на соодветниот потрошувачки дијаграм.
Ги повикуваме заинтересираните граѓани/домаќинства да се пријават преку испраќање e-mail на mkacar@feit.ukim.edu.mk најдоцна до 01 септември 2018 година.
Апликациите на домаќинствата кои ќе изразат интерес за учество во пилот проектот ќе подлежат на евалуација на неопходните технички критериуми кои треба да ги исполнуваат истите (безжична интернет врска, достапен простор за инсталирање на мерната опрема и слично) според документот во прилог. Одбраните домаќинства ќе потпишат Договор за соработка во рамките на проектот со времетраење од 3 години.
Скопје, 26.06.2018
проф. Марија Кацарска
Локален раководител на проектот