Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Стопанство Огласи и јавни повици Оглас за набавка на услуги за инсталирање на мерни системи за потребите на проектот PV-ESTIA

Оглас за набавка на услуги за инсталирање на мерни системи за потребите на проектот PV-ESTIA

Рок за аплицирање до 28.09.2018

Оглас за набавка на услуги за инсталирање на мерни системи  за потребите  на проектот “PV-ESTIA – Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици“  во рамки на програмата “TNCP Balkan – Mediterranean 2014 – 2020” за потребите на Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ Скопје.

Огласот е отворен до 28.09.2018

Референтен број: BMP1/2.2/2338/2017-25

Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје објавува

ПОКАНА

ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДА ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ ЗА ИНСТАЛИРАЊЕ НА МЕРНИ ИНСТРУМЕНТИ

за потребите на проектот “PV-ESTIA – Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици“

 

Предмет на набавка:

Услуги за инсталирање на мерни системи

Набавката ќе се спроведе во согласност со PRAG правилата за доделување на договор за јавни набавки на Европската Комисија. Комплетната тендерска документација е достапна во електронска форма на веб страната на Факултетот и може да ја превземете тукаcopy_of_zip.png. Истата содржи:

A. Инструкции за понудувачите

B. Драфт договор со посебни услови и анекси:

  1. Општи услови на договорот за јавна набавка
  2. Посебни услови
  3. Организација и методологија ( да се користи  образецот )
  4. Финансиска понуда (да се користи  образецот)
  5. Формулари и други пропратни документи

C. Други информации:

  1. Листа на поканети понудувачи
  2. Извештај за усогласеност на документи
  3. Извештај од евалуација на понудите

D. Образец на понуда, изјава за лична состојба, изјава за независна понуда и изјава за сериозност на понудата

Подетални информации за начинот на спроведување на постапката за јавна набавка на услуги од надворешни експерти се содржани во Прирачникот за спродевање на постапки за јавни набавки на Европската комисија или the Practical Guide and its annexes (PRAG), на следниот линк: http://ec.europa.eu/europeaid/prag/document.do.

Однапред Ви благодариме на соработката и очекуваме да ја добиеме вашата понуда пред крајниот рок на адреса и според барањата  утврдени  во делот Инструкции за понудувачите. Со поднесување на понуда ќе прифатите да добиете известување за резултатот од постапката по електронски пат.

Доколку одлучите да не поднесете понуда, би биле благодарни доколку не известите за причините за Вашате одлука.

Скопје, 17.09.2018