Оглас за набавка на услуги од надворешни експерти
Оглас за набавка на услуги од надворешни експерти за потребите на проектот “PV-ESTIA – Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици“ во рамки на програмата “TNCP Balkan – Mediterranean 2014 – 2020” за потребите на Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ Скопје. Огласот е отворен до 26.12.2017.
Референтен број: BMP1/2.2/2338/2017-31
Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје објавува
ПОКАНА
ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДА ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ ОД НАДВОРЕШНИ ЕКСПЕРТИ
за потребите на проектот “PV-ESTIA – Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици“
Предметот на набавката се состои од два дела :
Дел 1: Надворешен експерт за спецификација на пилот проектите и национални политики
Дел 2: Надворешен експерт за прибирање и анализа на податоците од пилот проектите
Набавката ќе се спроведе во согласност со PRAG правилата за доделување на договор за јавни набавки на Европската Комисија. Комплетната тендерска документација е достапна во електронска форма на веб страната на Факултетот и може да ја превземете од тука. Истата содржи:
A. Инструкции за понудувачите
B. Драфт договор со посебни услови и анекси:
- Општи услови на договорот за јавна набавка
- Правила и услови за учество во постапката за доделување на договор за јавна набавка
- Организација и методологија (образец кој се пополнува од страна на понудувачот)
- Експерти (вклучен образец за општи информации за експертите и нивните биографии за договори за набавка на услуги од надворешни експерти)
- Понудена цена (образец за Финансиска понуда)
- Изјави и други придружни документи
C. Други информации:
- Извештај од спроведена постапка
- Извештај од евалуација на понудите
D. Образец на понуда, изјава за лична состојба, изјава за независна понуда и изјава за сериозност на понудата
Подетални информации за начинот на спроведување на постапката за јавна набавка на услуги од надворешни експерти се содржани во Прирачникот за спродевање на постапки за јавни набавки на Европската комисија или the Practical Guide and its annexes (PRAG), на следниот линк: http://ec.europa.eu/europeaid/prag/document.do.
Однапред Ви благодариме на соработката и очекуваме да ја добиеме вашата понуда пред крајниот рок утврден во точка 8 од Инструкциите за понудувачите. Ве молиме да ја испратите на адресата и според барањата дадени во точка 8. Со поднесување на понуда ќе прифатите да добиете известување за исходот на постапката по електронски пат.
Скопје, 15.12.2017